Игротека

Голема саботна забава за најмладите: „Светот на Биби“ организира караоке-забава и дружење на три локации во Скопје

„Светот на Биби“ најавува серија настани наменети за најмладите, кои ќе вклучуваат караоке-забава со омилените песнички и традиционално менување со сликички пред нивните специјализирани продавници.

Настаните ќе се одржат в сабота, на три различни локации, овозможувајќи им на децата од различни делови на Скопје да бидат дел од забавата.

Распоред на настаните (сабота, 18 април):

  • Карпош: Пред продавницата во ТЦ Лептокарија, забавата започнува во 10:00 и ќе трае до 11:30 часот.
  • Центар: Дружењето продолжува во ГТЦ, веднаш пред влезот на продавницата на „Светот на Биби“, во терминот од 12:00 до 13:30 часот.
  • Аеродром: Големото финале на саботната агенда е предвидено за во ТЦ Бисер, каде што најмладите ќе можат да пеат и да се менуваат со сликички од 14:00 до 15:00 часот.

-Целта на овие настани е да го поттикнеме социјализирањето кај децата преку нивните омилени ликови. Менувањето со сликички веќе стана омилен ритуал за колекционерите, а караоке-забавата е одлична можност сите заедно да ги запееме едукативните и забавни песнички што децата ги обожаваат – изјавуваат од тимот.

Настаните се од отворен карактер и се поканети сите дечиња, родители и обожаватели на сказните од „Светот на Биби“. Подгответе ги вашите албуми, загрејте ги гласните жици и бидете дел од највеселата сабота во градот.

Поврзани написи

To top