Последните анализи спроведени од Центарот за јавно здравје во Охрид покажале дека водата во Охридското Езеро е безбедна за капење, спорт и рекреација.
Директорот на Центарот, Сашо Точков објаснува дека ситуацијата со микробиолошкото загадување на водата во делот на крајбрежјето на плажата кај вливот на реката Грашница е надмината.
Според информациите од Центарот, нивни екипи вршат редовни контроли и на квалитетот на водата од јавните чешми, при што наодите покажуваат дека истата е исправна за пиење. Кај водата од „Билјанини извори“ забележлив е променлив карактер во квалитетот, но последните анализи покажуваат дека таа е безбедна за пиење.

Фото: Википедија



912

X