Во клиничката болница „Жан Митрев“ на 56-годишна пациентка ѝ биле отстранети два тумори, од кои еден со огромни димензии.
– Во нашата установа еден од многуте карактеристични случаи што беа забележани во последниов период е случајот со наша сограѓанка (56 години). Била лекувана во други клиники без притоа да ѝ се реши проблемот кој бил живото-загрозувачки за неа. Пациентката пред 5 години има поставено анамнеза за докажан хемангиом на црн дроб. Последна контрола со МСКТ (мултислајсна компјутеризирана томографија) пред да дојде во нашата клиничка болница била направена во 2018 година – велат од „Жан Митрев“.

Проф. д-р Милчо Пановски, абдоминален хирург, супспецијалист во „Жан Митрев“, објаснува дека при преглед пациентката со телесна тежина од 95 килограми, висина од 164 сантиметри, имала болки под десен ребрен лак и болки во десно рамо.

– На контролен МСКТ утврдивме дека хемангиомот го зафаќа речиси целиот десен лобус на црниот дроб (со пречник околу дваесет сантиметри и има неколку килограми тежина), а истовремено е присутен и помал хемангиом на левиот лобус. Во однос на претходниот наод на МСКТ, во моментот хемангиомот се зголемил речиси за 50%. На ниво на хепатичните вени утврдена е компресија и патолошки анастомози со долната вена кава. Реконструкцијата на абдоминалната артерија покажа, како што се и очекуваше, дека помеѓу десната хепатична артеријата и хемангиомот нема патолошки комуникации. Поради големината на промената, пациентката доби совет за оперативно отстранување на двете промени на црниот дроб – објаснува д-р Пановски.

Тој го водел тимот кој ја извел комплицираната операција.

Проф. д-р Милчо Пановски

– Пациентката е примена и водена согласно ERAS (Enhanced Recovery After Surgery) протоколот. Поради големината на хемангиомот, оперативното поле за интервенција беше значително ограничено, а операцијата отежната. За време на операцијата поради очекуванато крвавење користена е медицинска постапка што вклучува враќање на изгубената крв за време на операцијата и повторно внесување на истата кај пациентот (IOS-intraoperative blood salvage). Оваа постапка е главна форма на автотрансфузија – објаснуваат хирурзите.
Операцијата траела 210 минути.
– Успеавме безбедно да се отстрани хемангиомот од десниот лобус, како и да се отстрани хемангиомот од левиот лобус. Операцијата и постоперативниот тек беа уредни – додава д-р Пановски.

По операцијата пациентката е со стабилна здравствена состојба и е на домашно заздравување.

(Комерцијална објава)



912

X