Игротека

Првото сурогат-бебе во историјата наполни 40 години!

Џил Бренд е првата личност во светот родена со помош на гестациско сурогат-мајчинство. Нејзиното раѓање во 1986 година беше медицинско чудо и првпат во историјата една жена роди бебе со кое немаше никаква генетска поврзаност.

Зад ова научно достигнување се крие голема семејна трагедија. Нејзината мајка Сенди го изгубила првото биолошко бебе само 13 дена по раѓањето. И покрај огромната болка, родителите на Џил не се откажале и со помош на тогаш новата ин витро метода и сурогат-мајка ја добиле неа.

-Ова е приказна за креативност, истрајност, малку храброст, среќа и многу љубов. Благословена сум што имам вакви родители – вели Џил, која денес води мирен живот и е мајка на три деца.

Погледнете ја оваа неверојатна историска приказна која го промени светот и им даде надеж на милиони парови.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top