Видеоигрите може да бидат насилни и да создадат зависност. Но, да се соочиме со тоа: децата ги сакаат. Тие се забавни, ги релаксираат и се одличен начин како да се помине времето со пријателите. Бидејќи љубовта кон видеоигрите е голема, истражувачи одлучија да истражат дали видеоигрите може да се користат за добро.

Според податоците од американската Фондацијата за семејство на Кајзер, децата од 8 до 18 години играат видеоигри повеќе од 70 минути дневно. Во текот на овие години се случува критичен когнитивен и емотивен развој, интензивните стимули на видеоигрите може да бидат ризични за детскиот мозок. Затоа истражувачите од Универзитетот во Висконсин-Медисон одлучија да дизајнираат видеоигра за позитивен емотивен развој кај децата и за зајакнување на детската емпатија.

Замислете го ова: Робот што истражува во вселената се урива на непозната планета, неговиот вселенски брод е неупотреблив. Кој е единствениот начин да го поправи? Проблемот е што роботот и вонземјаните зборуваат на различни јазици. За среќа, изразите на лицето на вонземјаните се слични на луѓето. За да победат, децата треба да ги идентификуваат типот и интензитетот на емоциите на лицата на вонземјаните, без разлика дали е среќа, гнев, страв, изненадување. Со оваа игра научниците се надевале дека децата ќе научат подобро да ги разберат емоциите на луѓето.

За оваа студија истражувачите случајно поделиле 150 средношколци во две групи. Првата група ја играла експерименталната игра за емпатија, која била наречена „Кристали од Кејдор“. Втората група ја играше комерцијално достапната акциона игра „Бастион“, која не е дизајнирана да ја мери емпатијата. Двете игри децата ги играле во период од две недели. И пред и по периодот на играње истражувачите го скенирале мозокот на децата со магнетна резонанса за да ја измерат мозочната врска меѓу областите за регулацијата на емпатијата и емоциите.

Резултатите се дека децата што ја играле играта „Кристали од Кејдор“ покажале повеќе емпатија отколку оние деца што ја играле другата видео игра. Некои играчи на „Кристали од Кејдор“ покажале и поголема регулација на емоциите, а и го подобриле нивниот тест за емпатија. Тоа покажува дека видеоигрите можат да им помогнат на некои деца да развијат емпатија, но тоа не е лек за сите.

Ричард Дејвидсон, професор по психологија и психијатрија на Универзитетот „Висконсин-Медисон“, во извештајот за медиумите објасни дека учењето на емпатија е првиот чекор во спречувањето на лошото однесување. Тој вели:

– Ако не можеме да се соживееме со проблемите на другите, мотивацијата да помогнеме нема да се појави. Целата популација може да има корист од учењето емпатија преку видеоигри.

 



912

X