Воспитување

Видео: 10-годишно дете го теши своето братче во 3 часот по полноќ за да не ги разбуди родителите

Глорија Мекинтош, мајка на 6 деца од Охајо, САД, секогаш им вели на своите деца дека вистинскиот тест за карактерот е што прават кога никој не ги гледа. Затоа била толку трогната која нејзиниот 10-годишен син Мејсон се разбудил во текот на ноќта за да го утеши својот 18-месечен брат Грејсон.

Иако Мејсон верувал дека неговите родители спијат, тие всушност ја гледале слатката цена на бејби-мониторот во нивната спална.

„Се смеев цело време. Тој има љубов за Грејсон која не може да се опише со зборови. Не можам ниту да објаснам“; изјавила мајката. Снимката станала вирална на „Тик-ток“, па се гледа дека детето го прегрнува Грејсон пред нежно да го извади од креветчето. Откако го забавува со играчки, му го брише носот и му чита приказна, Мејсон го враќа својот брат назад во креветчето. По неколку мига и Мејсон влегува во креветчето.

„Тој ќе биде одличен татко“, напишал некој во коментар. „Плачев толку многу откако го изгледав ова“, напишал друг.

„Го прашав: Зошто едноставно не дојде да ме викнеш?“, рекла мајката. „Тој ми рече: Имаше тежок ден и сакав само да се одмориш“.

Мејсон останал со Грејсон уште половина час. Според мајка му, тој едноставно е таков и дава љубов.

„Сигурна сум дека Мејсон бил изморен. Беше разбуден во 3 по полноќ, но гледате како го третира својот брат – едноставно е тука за него“, заклучила мајка му.

@gloriaugly @lighteyemason ♬ Surrender – Natalie Taylor

Автор: Рејчел Пола Абрамсон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top