Еден од најистакнатите актери на Балканот, Никола Којо, живее повлечен семеен живот, а неговото секојдневие поубаво и повесело го прават неговите најдраги дами – сопругата Александра и трите ќерки.

Иако неговите колеги објавуваат видеа во кои читаат поезија и приказни за да ги развеселат луѓето во овој тежок период и да им помогнат полесно да се справат со ситуацијата поради пандемијата на коронавирусот, Никола Којо имал на ум малку поинаква идеја. Тој со помош на својата ќерка ја извел песната „Лепа Јања“, а пред тоа ги поздравил следбениците со зборовите:

– Добар ден, моето име е Никола Којо, јас сум актер. Ова е мојата ќерка Ана, најстарата ќерка, мојата прва љубов. Таа ќе биде музичар ако вредно учи и работи. Ние нема да ви рецитираме детска песна, ние ќе ви отпееме една тажна љубовна песна, но нема да го отпееме тажниот крај затоа што ова се тешки времиња и затоа што веруваме дека сето ова ќе заврши и дека сите ќе бидеме здрави и среќни.

Оваа прекрасна изведба наишла на коментари и пофалби од страна на познати лица од Балканот, како пејачот Никола Роквиќ, кој напишал: „Ми го разубавивте денот! Прекрасно, ќерката пее како ангел!“

Извор

Фото: Фејсбук

 

View this post on Instagram

 

@uzpricujelakse

A post shared by nikola kojo (@nikola_kojo_pravi) on



912

X