Досегашните истражувања покажаа дека возрасните претпочитаат сцени од природата, но не е јасно дали таа предност е вродена или луѓето ја учат низ искуствата.
За да одговорат на ова прашање, психолози од Универзитетот во Чикаго испитале 239 деца на возраст од 4 до 11 години.
Истражувачите откриле дека децата претпочитаат урбани средни многу повеќе отколку 167-те возрасни учесници. Сепак, овој тренд бил значително понизок кај постарите деца – што укажува на тоа дека афинитетот кон природата може да се развива постепено во животот наместо да е својствен на млада возраст.
– Изложувањето на децата на искуство со природата рано во животот може да е пресудно за развивање почит кон природата подоцна во животот. Дадовме хипотеза дека децата повеќе ја сакаат природата затоа што возрасните во голема мера ја сакаат. Бевме изненадени кога откривме дека доказите го покажуваат спротивното – вели Луис Мејденбауер, водечки автор на истражувањето.
Таа и коавторите интервјуирале повеќе од 90 деца од Чикаго и од други делови на Илиноис, во повеќе од 100 други држави од кои 11 земји биле од англиско говорно подрачје. Тие се обиделе во истражувањето да имаат најмалку 20 деца од секоја возрасна група и анализирале подмножество од нивниот примерок што ги исклучувало нивните браќа и сестри.
Откриле дека преференциите на децата не се поврзани со времето што го поминувале на отворено во природни средини.
– Важно е да се напомене дека нашите резултати не значат дека природата не е добра за децата. Многу истражувања покажуваат дека когнитивните, социјалните и здравствените придобивки кај возрасните не се водени од преференции или подобрувања во расположението. Значи, когнитивните придобивки од изложеноста на природата не се поврзани со сакањето на природата или некој вид хедонистички одговор – велат истражувачите. Ова истражување посочува дека љубовта кон природата се создава така што е клучно за децата да развијат благодарност и почит кон природата подоцна во животот.
Психолозите се надеваат дека ќе продолжат со истражувања за да откријат дали постојат и други механизми. Се надеваат дека ќе спроведат слични истражувања за афинитетите на адолесцентите.
– Нашите истражувања исто така најдоа докази за когнитивните придобивки од изложеноста на природата кај децата, и тоа беше целосно неповрзано со преференциите. Ова е важно затоа што покажува дека децата не треба да ја сакаат природата за таа да биде добра за нив – велат истражувачите.