ООУ „Аврам Писевски“ во второто полугодие од учебнава година беше дел од меѓународниот е-твининг проект „Палеографски амбасадори -2021”, во кој зедоа учество и училишта од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија. Појдовната точка на проектот е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари, ден кога и започнаа активностите меѓу училиштата. Учениците и наставниците од балканските простори имаа можност да следат предавања поврзани со палеографијата (грчки: παλαιός+ γράφω – старо писмо), односно го истражуваа потеклото на азбуките на четирите словенски јазици: македонски, српски, босански и хрватски. Учениците стекнаа нови знаења поврзани со првите документи напишани на нив, им оддадоа почит на познати писатели и поети кои дале придонес за афирмација на четирите јужнословенски јазици.

Во вториот и позначаен дел од проектот учениците имаа можност активно да учествуваат во дискусиите на предавањата, да се инспирираат од нив и да создадат свои оригинални и креативни творби и активности – стрипови, цртежи, презентации.

Целта на овој проект е преку обединувањето на учениците и наставниците од различни училишта на меѓународно ниво, да ги слави особеностите на секој мајчин јазик, но и она што ги сплотува, притоа ставајќи акцент на развивањето на детската креативност, активно учество, желба за негување и почит како кон својот мајчин јазик, така и кон јазикот на соседите.



912

X