Заедницата во Вејмут, Масачусетс, се обидува да го забавува тригодишниот Квин Вотерс изведувајќи трикови, пеејќи песни и возејќи камиони пред неговиот двор. Квин мора да седи дома во изолација откако претходно имаше трансплантација на матични клетки и хемотерапија во голема мера што го сруши неговиот имунолошки систем.

На Квин му бил дијагностициран медулобластом – форма на карцином на мозокот – во април и сега мора да остане дома и да биде на ригорозна диета.

Но, пријателите и непознати луѓе секојдневно запираат покрај неговиот прозорецот и го поздравуваат, го забавуваат во обид да му помогнат да ужива во животот и покрај неговите медицински проблеми.

Фото: Associated Newspapers

Без оглед дали некој пее песна или жонглира, или едноставно свири со свирката од автомобилот, Квин внимателно следи што се случува надвор.

– На Квин му беше дијагностициран карцином на мозокот оваа година, по само неколку дена од неговиот роденден – вели неговата мајка Тара Вотерс, која е полицаец во полицискиот оддел во Квинси.

– Посетите почнаа кога еден мој пријател, кој е музичар, ја промени песната „The Mighty Quinn“ за да одговара на Квин и дојде да му пее под прозорец. Потоа моите колеги од единицата за специјални операции беа во близина и застанаа да го поздрават. Сите го прават тоа од љубов кон Квин. Луѓето се неверојатни. Специјалната единица на полицијата организираа масивна борба со балони полни со вода, а Квин ептен се израдува – рече неговата мајка.

– Секоја мала или голема посета му го прави денот поубав. Тоа е неговиот прозорец кон светот. Добро е што може да се дружи и да остане нормален, макар тоа било и низ прозорец. Така што, и покрај оваа ужасна болест, постои добрина во светот и Квин имаше искуство што некои деца никогаш го немале. Тој не бара да оди надвор и не се лути што не може, не се сожалува себеси и има позитивен поглед кон животот. Се смее и игра сè до вечерта. Неговата фраза е: „Ова е најдобриот ден досега“, и ја повторува повеќе пати секој ден.

 



912

X