Кога треба првпат да се однесе детето на стоматолог? Се поправаат ли воопшто млечните заби со оглед на тоа дека имаат нежна конструкција?

Секогаш се поставува прашање кога детето би требало првпат да посети стоматолог, а тоа е всушност периодот околу првата година од животот на детето. Бидејќи млечните заби се еднакво важни како и трајните, важно е да се сфати дека грижата за нив мора да биде како за целиот живот, а тоа значи дека родителите мора да бидат свесни за тие факти и да водат грижа за нив. Потребно е редовно да се мијат забите наутро и навечер и редовно да се посетува стоматолог на секои 3 месеци, чија задача е со превентивни методи да спречи настанување на кариес.

При првата посета детето би требало да го подготвите така што ќе му објасните каде оди и што таму ќе прави. Децата многу сакаат да слушаат приказни, па би било добро да слушнат за ликовите од приказната пред да дојдат во ординација. При првата посета на стоматолог децата се запознаваат со околината и со персоналот и целта на таа прва посета е на детето да му се влее доверба за да се весели на секоја следна средба, а не доаѓањето да му претставува траума. Во тоа најважна улога имаат родителите, кои со позитивен став и сопствен пример би требало да влијаат врз целокупниот впечаток.

Млечните заби по својата градба не се разликуваат од трајните, па би требало еднакво да се чуваат и да се грижите за нив, што значи дека ако на млечен заб е присутен кариес, тогаш тој еднакво се поправа како и трајниот. Меѓутоа, целта на превентивната терапија не е поправање на кариесот, туку со превентивни методи да се дејствува за да не дојде до кариес. Во таа смисла, улогата на лекарот по дентална медицина е и да ги едуцира родителите како и на кој начин да ја одржуваат оралната хигиена, за инциденцата на кариесот да биде што помала.

Автор: Ивана Цекиќ, стоматолог

Извор



912

X