Децата го гледаат светот со поинакви очи, нивната логика често знае да нѐ изненади и да нѐ насмее. Во продолжение прочитајте ги бисерите што ни ги пратија нашите читатели, ќе уживате.

Тато: Деца, сакате ли да ви направам клуб-сендвич?
Емил (4 години): Да, може, сакам да јадам ГЛУП сендвич.

Додека беа онлајн на час по ликовно, учителката ѝ кажала да го направи побогат цртежот. Софија (8 години) го направи побогат – нацрта метални парички како паѓаат од небото!

Софија (8 години): Кога имаше 3 години сакаше да оди со татко ѝ. Тој не ја зеде. Сите чевли ги фрли пред врата и кога се врати татко ѝ, не можеше да влезе дома!

Ја гледам Надја (4 години) дека нешто се чепка со прстот по устата и ја прашувам: Што имаш в уста? Таа одговори ко од пушка: Заби!

Татко му го прашува дали ќе одат по женски. Петар (3 години). Да, по женски киндер јајца ќе одиме, мамо.

Тато: Ања, денес е еден од најважните денови во животот. Денес играат Пелистер и Вардар. Денес е денот Д!
Ања (5 години): Делистер?

Јован (4 години): Дедо Мраз ќе ми донесе многу брзи коли, ама тој нема пари, Дедо Боже ќе му даде. (п.с. за Нова година добива пакетче симболично, а за Божиќ играчка)

Јован (4), малку се удри меѓу ножињата, плаче и вели: „Се скрши јајцетооо, летна пилетоо…“

Софија (7): Како знаеш дека ме сакаш? (прашува мајката)

Е па така, знам? Еве, ако ти си рана, јас сум фластер!

Софија (5): – Најдолгата река во светот е ОКЕАН!

Леон (2,5 години) не може да го изговори името на својот брат, па го нарекува ГАБА.

Ангел (4 години):
Мама: Ангел сине, немој да одиш сам, почекај ја мама.
Ангел: Ама, мамо, јас не одам сам, сандалките ме носат натаму, еве види како ме влечат!

Сара (2,5 години). Ти не си убава, ти си МАМА.

Милена (4 години): Кога ќе се невестаат? (во превод кога ќе се венчаат).

Стефан: Овој човек е манијак, се вика исто како мене (мисли на имењак).

Давид (2,5): Кечапот живее во фрижидерот.



912

X