Сите родители имаат уникатни рутини пред спиење за своите деца, без разлика дали се работи за посебна приказна, песна или прегратка. Овие мали моменти не само што градат посебна врска, туку често го обликуваат односот помеѓу родителот и детето.

Детскиот терапевт и мајка на три деца Џесика Вандервиер смета дека рутините пред спиење се многу важни. Таа тврди дека овој едноставен ритуал може да го промени животот на децата. На нејзиниот инстаграм-профил таа сподели како секоја вечер пред спиење им ги поставува овие три едноставни прашања:

  1. Која работа помина добро денес?
  2. Која работа денес бараше поголем напор?
  3. Кој настан од денешниот ден сакаш да го споделиш со мене?

Таа објаснува зошто го прави ова.

– Времето за спиење на децата им сигнализира дека ќе бидат сами во наредните 10-12 часа. Оваа разделба може да биде застрашувачка и да доведе до плачење и одолжување. Затоа, оваа рутина го олеснува преминот кон спиење, ги смирува вашите деца и ја зајакнува вашата врска со нив – вели таа.

Таа дава неколку примери за да покаже дека едноставната вечерна рутина може да има трајно влијание врз децата, обликувајќи го нивниот однос со нивните родители, дури и во зрелоста.

– Замислете, го започнувате овој ритуал пред спиење кога вашето дете ќе наполни три години. Тоа ви раскажува за денот поминат со другарчињата, за проблемите во градинка, за сликата што ја нацртало и за играњето со омилената играчка. Сега замислете дека вашето дете има 13 години. Сè уште разговарате со него пред спиење. Тоа ви раскажува за пријателските расправии, како видел слика во автобусот поради која му било непријатно и колку е горд на себе за време на фудбалските тренинзи – вели таа.

20 години подоцна, вашето дете ќе има 33 години и ќе ви се јавува за проблемите што ги има со своите деца пред спиење, додава терапевтот.

– Начинот на кој комуницираме со нашите деца пред спиење може да ги промени нивните животи. Тие мали моменти се многу важни – вели таа.

Извор



912

X