Здравје

Температурата како опомена

Сѐ испланиравте, сѐ е средено, работата која никој друг освен вас не може да ја заврши ќе издржи некако тие 7 дена кои ќе ги поминете на долго планираниот одмор. Ден пред тргнување ве известуваат:

Вашето дете има температура.

Како? Но, ние одиме на одмор, сѐ одложивме, испланиравме. Не е фер.

Животот не е фер. Никој не нѐ учи на тоа. Прво ни читаат бајки, па ние кажуваме бајки, на крајот бајката станува драма, понекогаш хорор, главно нема ништо од тоа: потоа, си живееле среќно засекогаш.

Нема „потоа“. Нема подобри времиња. Среќен крај е исто така лага. Како може да биде среќен кога е крај.

Живејте задоволно и среќно секој ден.

Знам дека е тешко, јас самиот паѓам во замките на големите очекувања, големата одговорност кон светот и другите, но сè повеќе ги прифаќам работите како што ми доаѓаат.

Што и да ми дојде на патот, се радувам.

Синоќа, Ната ми се прикраде во креветот. Во 2 побара вода, во 4 повторно вода, во 5 стана за да ја исфрли испиената вода. Таа бладаше цела ноќ. Го бакнувам нејзиното чело и чувствувам 38 степени…

Некогаш се нервирав, не спиев цела ноќ, нема да може да оди на училиште, како да ѝ кажам дека нема да може да оди на роденденот што го чекаше… дека џабе вежбавме за тестот, ќе доцнам на работа, нема да го напишам текстов навреме… а којзнае уште што ќе ми поминеше низ глава.

Ја прегрнав и уживав во прегратката. Пребрзо расте, нема време за гушкање… има свои поважни работи кои треба да ги заврши. Изгледа смешно кога гледам со каков ентузијазам брза низ животот и за што се грижи… сите нејзини „проблеми“ нема да бидат актуелни по еден месец. Јас го знам тоа, но таа не.

И тогаш го замислувам Бог (или некој горе во кој верувате) како гледа во тебе и во мене и се смее на она за што се нервираме и се грижиме.

Имам впечаток дека температурата ни е како предупредување, како потсетување дека сме неважни, дека 1 степен може да ни го наруши целиот живот. Еј, само еден Целзиусов степен прави хаос во нашиот живот.

Има два начина да го живееш животот, според мојот братучед Алберт (сопругот на Милева). Една од нив е да се гледа на светот како ништо да не е чудо. Вториот е сè да се смета за чудо. Некако го избирам второто.

Температурата е чудо. Прегратката е чудо. Благодарноста е чудо. Љубовта е чудо. Среќата е чудо. Љубезноста е чудо.

Животот е чудо.

Живејте задоволно и среќно секој ден.

Среќен ден на сите што дишат, штом го можете тоа, можете и многу повеќе.

Автор: Никола Петровиќ-Џони/ автор на блог

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top