Ако во изминатите неколку години сте купувале облека за вашето бебе или сте барале подарок за новороденче, можеби сте забележале дека одредена палета на бои доминира во облеката, играчките и декорациите за собата. Оваа безлична боја, крем, која ја зазеде детската мода и дизајн, беше остро наречена „тажна крем-боја“ од писателката Хејли Дерош.

Трендот на распространетост на оваа боја доби свое име и на социјалните мрежи, а сѐ почесто се зборува за терминот „крем-мама“ кога станува збор за теми за животниот стил поврзани со мајките и бебињата.

Дерош, која е писателка, библиотекарка и мајка на две деца, почна да го истакнува овој бизарен тренд на „Тик-ток“ и, на нејзино изненадување, нејзините видеа зедоа голем замав. Сега постои профил на „Тик-ток“ посветен на „тажниот крем-феномен“ и повеќе од 191.000 следбеници сметаат дека е хистерично. Дерош објавува хумористични снимки од облека и играчки во крем-боја и ги опишува во стилот на режисерот и сценарист Вернер Херцог.

А тој тренд на крем-боја е навистина скап. Иронично е што треба да потрошите многу пари за да направите детето да изгледа така, а таа појава ја нарекува „изглед на сираче од 19 век“. Сепак, некои родители почнаа да се спротивставуваат на овој тренд и велат: „Сакам да носи виолетова! По ѓаволите со овој светлосив фустан за 130 долари!“ Никој не сака да каже: „Дали го виде моето дете? Беше таму во оваа кутија со песок, облечено во крем-фустан од органски памук, а во раката држеше дрвена играчка“.

Од каде доаѓа „тажниот“ крем-тренд?

Неколку работи би можеле да го поттикнат овој пресврт во детската мода. Прво, избегнувајќи ги родовите ограничувања на агресивно рекламираните розова или сина боја, некои луѓе откриле дека крем-бојата е родово неутрална опција. Нијансите како овес, крем, камен, коска и пепел не се машки или женски.

Второ, нема ништо подобро од тоа уште од донесување на новото човече на свет кое ќе ја зајакне вашата еколошка свест. Не сакате купишта пластичен отпад постојано да пловат во морето и не сакате пластични играчки во нападни бои кои ја нарушуваат мирната атмосфера во собата на вашето бебе. Конечно, постои врска со природни материјали кои се безбедни и нетоксични за бебињата.

На пример, необоените дрвени играчки и неизбелениот, необоен памук се претежно крем-нијанси, така што бојата станува симбол за едноставност и здравје. Но, како што забележува Дерош, само затоа што производот е во крем-боја, не значи дека е произведен етички или одржливо.

Дали глумењето дека боите не постојат е лошо за бебињата?

Сепак, животот без бои не изгледа многу идеален. Животот без контраст не е баш идеален за бебињата.

– Мотивацијата да имам „инстаграм-дом“ и да не дозволувам децата да истражуваат и да прават хаос ме загрижува. Не сум сигурна на колку деца им е омилена крем-бојата – вели невропсихологот Аманда Гумер.

Во првата година од животот, развојот на видот се случува побрзо отколку на која било друга возраст. Видот е важен за развојот на комуникацијата, моторните вештини, меморијата, когнитивноста, како и за развојот на социо-емоционалните вештини. Како се развива видот на бебето и дали преправањето дека боите не постојат е лошо за развојот на видот, објаснува професионалниот терапевт Леа Баља Панциров, лекар за рана интервенција и терапевт за сензорна интеграција.

– Чувството кога нашето бебе ќе ве погледне првпат, кога ви се насмевнува е бесценето. Така се поврзуваме и развиваме приврзаност. Знаењето за развојот на видот, кое сè уште е предмет на истражување, јасно укажува дека видот е најмалку развиеното сетило при раѓањето и дека новороденчињата гледаат најјасно, т.е. повеќето реагираат на бои со висок контраст (црно-бело-црвено) околу 30 сантиметри од очите – вели Леа Баља Панциров.

– Сметам дека ние сме одговорни како експерти да ги едуцираме родителите и тие ги користат овие информации во секојдневниот живот со цел да го максимираат визуелното искуство на детето, што е важно за секој сегмент од развојот. Така, новороденчето треба да има јасни, поголеми предмети со висок контраст за да ги забележи, бидејќи може да биде помотивирано да ја крене главата од подот во лежечка положба, што за него е голем предизвик. Како што расте бебето, ние ги приспособуваме околината и играчките што ги нудиме, како по форма и намена така и по бои. Боите мора да бидат силни и јасни. Некои студии покажуваат дека децата на 6 месеци веќе појасно ги гледаат боите и можат да ги категоризираат – додава Панциров.

@sadbeige honey new core just dropped: ✨Dorothea Lange Core✨ #sadbeigechildren #satire #satirecomedy #beigeaesthetic #funny #fyp #foryou #momsoftiktok #vanillagirl #joke ♬ Mad World – Gary Jules & Michael Andrews

Децата не треба да бидат предмет на разни трендови кои не се базираат на ништо. Затоа, околината на детето и играчките што ги нудиме мора да бидат приспособени на возраста на детето и мора да бидат стимулирачки, не премалку или премногу стимулирачки. Секое дете има право да го види овој шарен свет, а ние сме тука да му го овозможиме тоа.

Извор



912

X