Игротека

Талентираните деца по стапките на татковците од Холивуд

Се вели дека добрите нешта секогаш одат во пар, па доколку станува збор за познатите татковци и нивните деца, тогаш апсолутно е така. Поаѓајќи од Фил Колинс и ќерката Лили до Лионел и Никол Ричи, овие талентирани деца појдоа по стапките на своите татковци.

Лили и Фил Колинс, Никол и Лионел Ричи, Алисон и Брајан Вилијамс, Фото: Getty Images

Лили и Фил Колинс

Актерката Лили Колинс е ќерка на британската рок-ѕвезда Фил Колинс. Но, и покрај тоа што Лили одлучно ги следеше стапките на својот татко, таа никогаш не зависела од него. „Секогаш велам дека моето име ги отвора вратите, но од мене зависи колку ќе останат отворени. Доколку не покажам нешто ново и креативно, дефинитивно ќе се затворат“, вели Лили.

Алисон и Брајан Вилијамс

Не чудно што актерката Алисон Вилијамс стана телевизиска ѕвезда. Нејзин татко е Брајан Вилијамс, водител на вечерните вести на Ен-би-си, а мајка ѝ е телевизиски продуцент.

Никол и Лионел Ричи

Пејачот Лионел Ричи за својата ќерка Никол има изјавено дека таа е на вистинскиот пат со оглед на тоа што го работи она што го сака. Пејачот ја има посвоено Никол на нејзина двегодишна возраст и денеска е многу горд татко.

Лени Кравиц и Зое, Фото: Getty Images

Лени и Зое Кравиц

Нека не ве зачудува големата популарност на Зое Кравиц. Нејзиниот татко Лени Кравиц е музичар и пејач, а мајка ѝ Лиса Бенет е глумица. Но музиката не е единственото што Зое го наследила од својот татко. Таа вели дека нејзината облека е инспирирана од стилот на татко ѝ.

Џејден, Вилоу и Вил Смит

Вил Смит има три деца: Треј, Вилоу и Џејден. Вилоу има глумено во филмот „Јас сум легенда“, а Џејден глумел во филмот „Потрага по среќата“ и „По земјата“.

Мајли и Били Реј Сајрус

Били Реј Сајрус и Мајли Сајрус освен што се популарни како пејачи, исто така имаат и глумено во „Хана Монтана“. Мајли вели дека е многу блиска со татко си и дека секогаш може да зборува со него за секој проблем.

Робин и Алан Тике, Фото: Charley Gallay/WireImage

Робин и Алан Тике

Пејачот Робин Тике својот талент со сигурност го има наследено од татко си Алан Тике. Алан беше ѕвезда во 90-тите, но почина во декември 2016 година. Тој неколку пати има изјавено колку се гордее со својот син.

Стив и Лив Тајлер

Рок-ѕвездата од „Аеросмит“, Стив Тајлер, има четири деца, меѓу кои е актерката Лив Тајлер. Ќерката Челзи има бенд и за неговата успешност таа му се заблагодарува на својот татко, кажувајќи дека талентот го има наследено токму од него.

Румер и Брус Вилис

Актерот Брус Вилис има пет ќерки, а најстарата ќерка Румер се одлучи да ги следи неговите стапки почнувајќи кариера во филмската индустрија.

Рашида и Квинси Џонс

Филмската ѕвезда Рашида Џонс отсекогаш била блиска со својот татко Квинси Џонс, кој е музички продуцент, и затоа вели дека не било изненадување што отсекогаш сакала да биде популарна.

Брус Далас и Рон Ховард

Брус Далас израсна на сетот на телевизиската серија „Среќни денови“ со својот татко Рон Ховард и се покажа како одлична глумејќи во неколку филмови.

Кели и Ози Озборн, Фото: Jeff Kravitz/FilmMagic

Кели и Ози Озборн

Популарното шоу „Озборн“ ја инспирирало Кели да стане славна исто како нејзиниот татко. Таа има издадено неколку албуми и била дел од неколку филмови и емисии.

Џери и Бен Стилер

Хуморот на Бен е наследен. Имено, и двајцата негови родители се многу познати комичари.

Пол и Стела Макартни

Модната дизајнерка Стела Макартни е ќерка на еден од најпознатите припадници на „Битлси“, Пол Макартни.

Доналд и Иванка Трамп

Иванка Трамп успешно раководи со бизнисот на Трамп од 2005 година, а исто така има и своја модна колекција.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top