Овие совети од мајките ќе ви помогнат да заштедите време, пари и вашиот разум.

Се грижите дека работите ќе станат хаотични сега кога вашето семејство ќе се зголеми за плус еден? Овие совети од мајките ќе ви помогнат и ќе ви ги олеснат работите.

Чекањето да ја објавите бременоста е сосема во ред

Чекав до мојата 18. недела со моето прво дете и иако чувствував како да „кријам“, за повеќето луѓе  беше сосема во ред што не ја објавив бременоста веднаш. Генерално, луѓето почитуваат. Единствено јас бев таа што се чувствуваше чудно во врска со тоа.

Споделете ги вестите со вашето првородено бебе кога ќе бидете подготвени

Моето дете само што наполни 5 години. Мојот партнер ѝ ја покажуваше сликата од ехото кога бев 9 недели бремена. И покрај моите грижи дека ѝ кажавме многу брзо, таа беше среќна и сфати дека ќе има уште една личност во семејството. Таа сфаќа кога на мама ѝ е потребен одмор и зошто повеќе не смее да скока на мене. Таа е доволно голема за да помогне, така што постојано ја охрабруваме дека е големо девојче и дека ќе биде одлична поголема сестра.

Дополнителната работа вреди

Моите две момчиња се 20 месеци разлика. Беше тешко, но многу ми е мило што така испаднаа работите. Тие навистина се најдобри пријатели.

Верувајте си

Ќе откриете начини како да го насочите животот онака како што ви одговара. Тоа ме направи личност на која лесно ѝ оди мултитаскингот, така што сега ги користам тие вештини.

Купувајте градници како што ќе ви требаат

За мојата прва бременост купував градници како што ми требаа. Се одлучував за поевтините бидејќи ми требаа привремено.

Користете ги шишињата од првороденото

Купете нови цуцли, но користете ги старите шишиња. Стерилизирајте ги пред да ги употребите со новото бебе. Користете стари работи колку што можете повеќе, така ќе заштедите пари.

Буџет за двајца

Веднаш почнете со штедење.

Во ред е браќата/сестрите да делат иста соба

Би било одлично искуство и тие би се зближиле, а и за вас би било поедноставно.

Справете се со транзицијата на детето порано

Сакав да се ослободам од стресот пред раѓањето на бебето, така што почнав да ги решавам проблемите што од мене бараа 100 отсто внимание. Го преместив моето дете од креветчето во големиот кревет и ги фрливме пелените.

Не плашете се од породувањето

Сите породувања се различни. Она што си го кажав себеси вториот пат беше: без оглед колку е долго или тешко, моето тело знае што да прави. Моето тело го има направено ова претходно и знам дека можам повторно да го направам. Колку и да е долго или тешко, ја знам радоста што ја носи држењето на бебето.

Користете кенгур за бебето

Најважна е безбедноста на новото бебе, бидејќи мојот син беше љубоморен. Мојот кенгур ме спаси. Го користев многу пати и првиот пат кога се породив, а вториот пат го користев секој ден.

Вклучете ги децата во вашата рутина за вежби

Почнав да правам работи со децата наместо да одам во салата за вежбање. Правам неколку терапевтски вежби за моето рамо и моите 2 и 3-годишни деца имаат свои топки за вежби на кои вежбаат. Практикуваме и пилатес и јога.

Дајте си пауза

Алиштата никогаш немаат крај. Сега само одделувам 4 кошници чиста облека. Кога ќе имаат слободно време, тие си ги здиплуваат и си ги ставаат на место.

Забрзајте го чистењето

Бидејќи ме боли грбот кога се наведнувам за да ги соберам играчките, ги метам сите наеднаш во еден куп.

Вклучете ги најголемите деца

Добар совет што го добив по раѓањето на моето второ дете:

– Дајте му подарок на постарото дете од бебето штом ќе стигнете дома;
– Оставете го големото дете да ве слуша како велите бебешки работи како: „Само секунда (името на бебето), веднаш ќе дојдам; му помагам на (името на првото дете).
– Посветете му внимание на првото дете за да се чувствува посебно.

Не разочарувајте се

Познато ми е чувството на вина во однос на вниманието, но се потсетувам себеси дека не е најдобро мојот син да го има целото внимание, постојано.

Фокусирајте се на долгорочен план

Се обидувам да се потсетам себеси дека неколку години ќе биде тешко, но нашите деца го имаат цел живот пред себе и се на слична возраст и имаат слични интереси. Се надевам дека ќе бидат одлични пријатели.

Имајте доверба

Полесно е бидејќи можам да се справам со промените во хормоните. Физички е потешко бидејќи имам двегодишно дете. Но генерално, полесно е и помалку стресно бидејќи сега знам како да ги потрошам енергијата, времето и парите.

Извор



912

X