Веднаш откако јас и мојот сопруг се венчавме и се преселивме во нашиот стан, свекрва ми дојде на гости. Внимателно го планирав секој оброк, ги исчистив неколкуте парчиња мебел што ги имавме и се погрижив да блесне испуканиот линолеум. Возбудена и нервозна, внимателно наредив чинија со закуска и го чекав нејзиното доаѓање. На звукот на вратата, побрзав да ја поздравам. И таа беше на вратата со џиновски ладилник полн со храна.

Имаше десерт, салати, хартиени чинии, чаши, салфетки и некои намирници како леб, сирење и кечап. Таа дури и вклучи додатоци за сендвичи за утрешниот ручек. Мојот сопруг го повлече ладилникот во кујната, а јас вриев.

Дали таа мисли дека не можам да се грижам за нејзиниот син?

Мојот сопруг мудро го избегна прашањето. „Ова е само она што таа го прави“, рече тој и остана на тоа. Нели сега требаше да биде возрасен? Сакав да ѝ се спротивстави на мајка си и да ѝ каже колку добра готвачка сум и дека не ни треба нејзиниот кечап. Но, не се случи тоа. Ја јадевме нејзината храна и ги зачувавме остатоците. Набргу по заминувањето на свекрва ми, огорчена ѝ ја раскажав приказната на една пријателка.

„Можеш ли да поверуваш?“, викав. „Таа ми донесе колачиња!“ Мојата пријателка ги преврте очите.

„Лиз, тоа го прават луѓето во Ајова за да ја покажат својата љубов. Твојата свекрва звучи одлично“.

Во моја одбрана, не пораснав на Средниот Запад. Начинот на кој мајка ми ја покажува својата љубов е со тоа што ми купува блескави чорапи за секој можен одмор, ми кажува каде да ги средам ноктите и како правилно да ја средам постелнината. А ниту една од моите баба не беше готвачка. Баба ми од страна на мајка ми ни ја покажа својата љубов со тоа што не пушеше во куќата. А баба ми од страна на татко ми ни купуваше кекси. Непотребно е да се каже дека ми беше туѓа идејата оти ладилникот е полн со подароци на љубов.

Од тоа сознание пред пет години, храната стана јазик на љубовта со кој научив да зборувам со мојата свекрва.

Кога и да одам во посета, свекрва ми ми ги прави омилените компири. За мојот роденден, таа ми прави вкусни, чоколадни колачи, а јас научив да бидам во ред со тоа што не бара да донесам јадење на некој празник или прослава. Не е дека мислат оти не можам да готвам, туку само сакаат да ја покажат својата љубов.

И тоа функционира и на друг начин. Браќата на мојот сопруг фундаментално се разликуваат од мене. Тие зборуваат за пиштоли, лов, риболов, бејзбол и сложеноста на правењето мамки. Јас сакам да зборувам за книги или да ја раскажувам приказната што ја слушнав за една старица која ги крие своите скандалозни фотографии во нејзиниот сеф (вистинска приказна). За да го надминам тој комуникациски јаз, ја правам питата на деверот. Питата со јаболка е универзален јазик за: „Мислам дека мамките за риболов се здодевни, но вие сте прекрасни“.

Кога бабата на мојот сопруг ме научи како да правам лефсе, традиционален норвешки леб, и покрај тоа што се жалеше поради тоа што бавно го тркалав тестото и неможноста да престанам да ги удирам луѓето со лефсе стапчето (тоа е долг стап… што друго да правам со него?), знаев дека ѝ покажувам колку ја сакам неа, нејзиното семејство и нејзиниот прекрасен внук. За возврат, со тоа што ме учеше, таа ме внесуваше во семејството. За семејството на мојот сопруг, храната е валута на љубовта. И со тоа што научив да тргувам со тоа, научив да ја разбирам и прифаќам нивната добрина и дарежливост и да им покажам колку се грижам за нив за возврат.

Исто така, научив подобро да го разбирам мојот сопруг. Научив буквално да го хранам делот од него што зборува на љубовен јазик преку топли оброци и топли колачиња. Земајќи лекција од мајка му, давам сѐ од себе за на сопругот да му го подготвувам ручекот секое утро, затоа што знам дека за него тој сендвич е подобар од реченицата „те сакам“.

Ги сакам моите свекор и свекрва – тие ме научија толку многу за љубовта, трпеливоста, великодушноста, мамките за риболов и како да ја направам најдобрата енчилада од пилешко.

Но, најмногу од сè, ме научија да го разберам мојот сопруг и како да бидам подобра сопруга.

Автор: Лиз Ленз

Извор



912

X