Образование

Среќно, првачиња!

Среќно, првачиња!

Некои збунети, некои возбудени, некои полни со самодоверба, а некои залепени за мама или тато, денеска околу 18 илјади првачиња тргнаа во нова авантура наречена училиште.

Првачињата беа дочекани во училиштата со приредби за добредојдe, забави и говори и топли насмевки од наставничките. Новото поглавје од нивниот живот донесе емоции кои можеа да се видат на лицата на најмалите ученици, кои ги наполнија школските дворови, годинава без маски и одржување растојание.

Многу насмевки и среќни лица, но и солзи радосници можеа да се забележат и на лицата на родителите, кои на моменти изгледаа повозбудени и понетрпеливи и од дечињата.

Учебната година денес почна за околу 255.000 основци и средношколци, кои се враќаат во клупите и го продолжуваат своето образование. Учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство без маски.

Денес започнува новата учебна година. Денот кога учениците повторно ќе седнат во училишните клупи и ќе ги наполнат училниците со среќни лица и џагор.

Тимот на Деца.мк им посакува успешна учебна година!

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top