Анонимна мајка од Британија на форумот „Mumsnet“ открива дека нејзината ќерка ја навредувала, велејќи ѝ дека смрди, а потоа ги замолила другите родители да ги споделат најлошите навреди што им ги кажале децата.

И додека некои од коментарите на децата се прилично смешни, некои се остро и можат да ги погодат нервите на мајките и на татковците. Голем дел од родителите на форумот ги споделија дрските коментари на нивните деца, од прашањата во врска со нивните „млитави“ тела до коментари за стареењето на мајките.

Една мајка се присетува дека нејзиното дете ѝ рекло дека ѝ е потребен ботокс.

Среќа што носот ти е толку голем за да ти ги држи очилата

Вообичаена тема беа навредливите коментари за тежината, вклучително и коментарот што една мајка го добила од децата кои ѝ рекле дека нејзините раце се мрсни и меки како перница.

Друга мајка добила незаборавна навреда: – Моите деца се возбудија поради мојот труднички стомак и го бакнаа, а јас не бев трудна.

Во меѓувреме, една воспитувачка во јасли сподели некои навредливи забелешки од брутално искрените деца низ годините.

– Едно тригодишно дете ме погледна студено и ми рече: „Ајде собери се“. Му реков дека се трудам – коментира таа.

Друга мајка се присети на неочекуваниот коментар што го добила од нејзиниот седумгодишен син кога првпат почнала да носи очила.

– Рече нешто што требаше да ме охрабри за да ги носам: „Среќа што носот ти е толку голем за да ти ги држи очилата – вели мајката.

– Мојата 9-годишна ќерка влезе во бањата додека се подготвував за на работа. Ги стави рацете на моето лице и ми рече: „Хм, не е лошо, но може да направиш ботокс“.

Изгледот не е единственото нешто што ги натерало децата да ги навредуваат своите родители.

– Мојот најмлад син, кога имаше 4 години, често ме гледаше оддолу-нагоре и ме прашуваше: „Дали тоа ќе го носиш?“

– Мојата 6-годишна ќерка искоментира дека моето готвење е просечно. Веројатно е во право, но од кога шестгодишниците го знаат зборот „просечно“?

– Мојата 17-годишна ќерка еднаш ми рече дека личам на Стив Тајлер од „Аеросмит“. Многу години подоцна, уште го немам надминато тоа – пишува еден татко.

– Моето 4-годишно дете му се восхитуваше на мојот нов црн костим за капење, велејќи дека личам на Хипо од „Тинг Тинг Тејлс“, мислејќи на еден од главните ликови во цртаниот филм кој е нилски коњ – вели една мајка.

Извор



912

X