Игротека

Малку фантазија за многу забава. Направете си гипсени фигури за во двор со рецептот на Наталија Милорадовска!

Треба само кратко истражување низ дома за да се најдат пластични садови, фантазија и желба за креативна акција и потоа може да се создава. Со смеса од гипс може да се направат прекрасни весели фигури за во дворот, а потоа и да се обојат. Прекрасна занимација и за децата и за родителите. Не чини многу пари, а радоста е огромна.

Рецептот и фотографиите се на Наталија Милорадовска.

– Гипс се меша со малку вода за да се добие густа смеса. Се става во пластичен калап, кој претходно се премачкува со нешто мрсно. Се суши за околу еден час – објаснува Наталија.

А откако ќе се извади од калапот, формата може да се бои.

-Јас користев мрсни бои за железо. Додека работите со гипсот, кој е во прав, заштитете ги дишните патишта на децата, а потоа внимавајте и како ракуваат со боите и со четките. Користете заштита и безбедни бои и материјали. Уживајте! – вели Милорадовска.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top