Нема ништо поскапоцено од советот на мајката, истата таа мајка што сме ја мразеле како деца и чии ставови и барања погрешно ги разбиравме. Во тоа време, за секој нејзин совет, ние ја повторувавме наглас реченицата за малку да ја повредиме: „Кога ќе бидам мајка, нема да бидам како тебе“.

Наместо тоа, ние стануваме токму како нашиот животен учител кој нè сакал со целата сила, дури и пред да се појавиме пред нејзините очи. Таа веќе знаела, додека нè штитела во својата утроба, дека ќе ни биде пријател, советник, учител, наше СÈ. Растејќи, сепак, сме се преправале дека сме заборавиле малку која е нејзината улога, која всушност е толку скапоцена и есенцијална за секој аспект од нашиот живот. И ни требало време за да го сфатиме тоа во реалноста – сè што сакаме е да личиме на неа. И на крајот тоа и го правиме, ги собираме тие скапоцени совети кои порано толку сме ги одбивале и ги чуваме во нашите срца. Бисери на мудроста кои нè направиле жените кои сме денес. Бесценето богатство кое сме подготвени да го пренесеме на идните генерации, на нашите деца и ним ќе им кажуваме колку сила и издржливост имале нашата баба и нашата мајка. Светилник, водич, безбедно пристаниште.

Нè учеа да го сакаме светот и животот, да ги почитуваме луѓето и секое друго живо суштество

Советот на мајките е малку сличен бидејќи пред да бидат родители и тие биле нечии ќерки. Се разбира, малку се менува, се приспособува на времињата и на карактерот на секој од нас, но никогаш не ја губи вредноста во самата основа, чистотата и автентичното значење.

Учењето да се биде благодарен: нашите мајки нè мотивираа секогаш да бидеме благодарни за она што го имаме и што ни го дава животот секој ден. И за тие солзи и каења за стореното, советот на мајките секогаш е истиот: Не мораш да плачеш за своите грешки, но учи од нив за да станеш посилна“.

Нè учеа да го сакаме светот и животот, да ги почитуваме луѓето и секое друго живо суштество. Ни ги објаснија љубовта, разочарувањето и поразите и на секоја затворена врата се сеќаваме на јачината на нивните зборови.

Но, најголемата лекција доаѓала во најтемните моменти во нашите животи, оние во кои сонцето изгледало како да не свети и ништо не можело да ни даде олеснување. Тогаш мајката не морала да изговори зборови, бидејќи ние разбираме само со нејзиното присуство дека таа ќе остане покрај нас, сè до последниот здив, дури и ако е крај на светот.

Бидејќи љубовта на мајката никогаш не се троши и таа секогаш ќе биде безбедниот рај кон кој се враќаме, секогаш и засекогаш.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X