Седум од 10 родители признаваат дека се чувствуваат како неуспешни родители во раните фази од животот на нивното бебе поради постојаното осудување од другите.

Неодамнешно истражување, спроведено на 2.000 родители, покажа дека мајките и татковците забележуваат негативни коментари за нивното родителство четирипати на ден.

Најбројни се негативните коментари зад грбот на родителот (52 отсто), зјапања (41 отсто) и шепотења (40 отсто).

Кога станува збор за тоа зошто родителите се осудувани, листата се чини бесконечна, но на прво место се најде она што родителите им го купуваат на своите деца (68 отсто), проследено со тоа кои се родителите како личности (64 отсто).

Истражувањето било нарачано од бебешкиот клуб „Кеј енд џи“, кој соработувал со Камила Тарлоу, поранешна натпреварувачка на шоуто „Лав ајланд“.

– За секој родител, тешко е кога некој го осудува начинот на кој ќе избере да го воспитува своето дете. Од лично искуство знам дека негативните коментари за нешто толку едноставно како будење на бебето во текот на ноќта може да те повредат и загрижат. Без оглед од каде потекнувате или кого сакате, верувам дека на сите родители им е потребна почит и поддршка – вели таа.

Истражувањето покажа дека повеќе од половина од сите родители (56 отсто) доживувале осуда во текот на нивниот живот, а најпознатите извори на осуда потекнуваат од непознати лица на јавни места (41 отсто).

Бабите и дедовците, поширокото семејство (29 отсто), па дури и блиските пријатели (24 отсто) се исто така извор на осудување, покажувајќи дека осудата може да се случи и во домот.

Но, повеќе од половина од родителите веруваат дека пандемијата го зголеми нивото на осуда што го добиваат секојдневно. Само 4 отсто од анкетираните успеваат да ги отфрлат критиките, додека над една третина се чувствуваат помалку самоуверени и тажни како резултат на добивањето негативни критики.

Топ-10 чувства на родителите како резултат на осудувањето од околината:

1. Тага (35 отсто)
2. Пониска самодоверба (35 отсто)
3. Анксиозност (31 отсто)
4. Самосвесност (30 отсто)
5. Лутина (28 отсто)
6. Осаменост (27 отсто)
7. Неуспех (27 отсто)
8. Чувство дека не се друштвени (26 отсто)
9. Сомнежи (25 отсто)
10. Срам (25 отсто)

Извор



912

X