Вашето малечко остава минимален простор за грижа. Родители, не бидете загрижени, прочитајте го ова!

Овие родители веднаш можат да се пронајдат и поистоветат со својата ситуација!

Кога на докторот во амбуланта му доаѓа родител со своето дете, од реакцијата на родителот може да се заклучи дека тој е видно загрижен бидејќи неговото дете не може со ништо да се вклопи во својата околина. За некои тоа претставува голема фрустрација бидејќи, според нив, тие направиле сè што е во нивен домен за нивното малечко да е исто со неговите врсници. Го ставиле во исто одделение, му купиле адекватна облека, исти патики, постојано наоѓаат начини како да го дружат со другите. Но, сепак, со нешто повеќе се истакнува од другите. 

„Надарено и талентирано“ дете е поим кој карактеризира дете кое покажува можност за изведување извонредно високо ниво на остварување, во споредба со другите дечиња од иста возраст или исто опкружување.

Интелектуалната надареност е интелектуална способност значително повисока од просекот. Тоа е карактеристика на особено талентираните деца, што е различно дефинирана. Се смета дека ќе остане да перзистира како особина и во текот на возрасниот живот.

Не постои општоприфатена дефиниција за надареност на децата, но повеќето надолжни студии во текот на индивидуалниот живот што ги следеа луѓето со интелигенција покажаа карактеристично високо IQ над 130. 

Дефинициите на надареноста, исто така, се разликуваат во културите.

Долги години психометричарите и психолозите, по стапките на Луис Терман во 1916 година, ја изедначуваа надареноста со висок IQ. 

Ова „изедначување” перзистира и до денешен ден, така што сè уште надареноста и високиот IQ се изедначуваат во некои поими за надарени способности. 

Меѓутоа, други истражувачи (на пример, Рејмонд Кател, Џ. П. Гилфорд и Луј Леон Трстон) тврдат дека интелигенцијата не може да се изрази на таков унитарен начин и предложија повеќе повеќеслојни пристапи.

Истражување спроведено во 80-тите и 90-тите години обезбеди доволно податоци кои ја поддржуваат идејата за повеќе компоненти. 

Повеќето од истражувачите ја дефинираат надареноста во однос на повеќекратни квалитети, кои не се интелектуални. 

Резултатите од IQ често се сметаат за несоодветни мерки на надареност. 

Мотивацијата, високиот автоконцепт и креативноста се клучни квалитети во многу од овие проширени концепции на надареност.

Општо земено, надарените или напредните деца учат побрзо, подлабоко и пошироко од своите врсници. Можат да научат да читаат рано и да напредуваат на исто ниво со нормалните деца кои се постари од нив. Имаат тенденција да демонстрираат висока способност за расудување, креативност, љубопитност и одличен речник и меморија. Тие честопати можат да ги совладаат концептите со само неколку повторувања.

Поседуваат силни лидерски вештини. Секогаш знаат да преземат одговорност и правилно да ги водат другите деца.

Исто така, тие се големи перфекционисти и се засноваат на авторитет. Перфекционизмот се смета дека има многу позитивни аспекти, може да биде уште едно прашање за надарените поединци. Тој е охрабрен од фактот дека надарените поединци имаат тенденција да бидат лесно успешни во голем дел од она што го прават.

Некои знаат да имаат проблеми кога комуницираат со своите врсници поради разликите во големината и широчината на нивниот вокабулар (особено во раните години).

Како деца, тие обожаваат да бидат во друштво на постари деца или возрасни. За нив е многу полесно да воспостават комуникација со оние што се повозрасни од нив.

Надарените деца се разликуваат од другите така што тие често не се пронаоѓаат во околината како другите деца, често се фокусирани на невообичаени работи, знаат да бидат невнимателни за разлика од другите деца на нивна возраст. Поради сето ова, раната идентификација е важна за родителите да ја разберат причината зошто нивните деца се различни од другите.

Раното откривање на надареноста е многу важно, пред сè, за да може да му се помогне на детето да почне да ги усовршува своите вештини.

Во училиштата обично има можност да ги откријат талентите на децата преку IQ тестови, преку нивно континуирано надгледување и сл. 

Сепак, најдобар проценител за надареноста на детето е родителот, велат психолозите. 

Родителот може инстинктивно да ја почувствува надареноста кај своето дете и да ја насочат во правилна насока.

Надареноста може да се забележи кај поединци во различни точки на развој. Додека раниот развој (т.е. зборување или читање на многу млади години) обично доаѓа со надареност, тоа не е секогаш детерминанта за надареност.

Според искуството на психолозите, кај надарените деца често се појавува и голема хиперактивност, потреба постојано да зборуваат, да се движат и да истражуваат нови работи. Тие често мислат и зборуваат брзо. Тоа е така поради тоа што се трудат да зборуваат исто толку брзо колку што и размислуваат. Понекогаш стануваат нетрпеливи кога некој во нивна околина зборува и се изразува бавно.

Еден од најголемите проблеми на родителите на надарените деца е нивната нетрпеливост. 

Драги наши родители, не грижете се!

Посоветувајте се со вашиот психолог, кој точно и прецизно ќе знае што да ви посочи за вие правилно да го промените вашиот однос кон вашето најмило.

Бидете доследни и следете го континуирано секој нивен напредок. Негативното однесување, саркастичните коментари и строгите казни ќе направат повеќе штета отколку корист.

 „Секое дете е посебно на свој начин. Тие едноставно го отпакуваат подарокот што го носат со себе во различно време“.



912

X