Иако повеќето родители би направиле сѐ за да ги усреќат своите деца, понекогаш е важно да се каже „не“.
-Да им кажеме „не“ на нашите деца е важен начин да им покажеме дека ги сакаме – вели психологот Беки Кенеди во неодамнешната епизода од нејзиниот поткаст за родителство.
Попуштањето може ненамерно да ги прекрши границите што им помагаат на децата да научат што е соодветно однесување.
-Се разбира, важно е моите деца да чувствуваат дека нивните желби и потреби се вреднуваат, но тоа е навистина независно од тоа дали ќе им кажам „да“ или „не“ во одредена ситуација – истакнала Кенеди.
Таа наведува дека не е добро децата да ја поврзуваат својата вредност со тоа да бидат секогаш задоволни.
Научете ги да се справуваат со разочарувањата
Кажувањето „не“ на децата им помага да развијат трпение и да се справат со разочарувањето. Истражувањата покажуваат дека децата без овие вештини може да имаат проблеми со амбицијата и мотивацијата како возрасни. Кенеди, мајка на три деца, признала дека нејзините деца понекогаш ја губат контролата кога таа нешто им скратува. Ги советува родителите да останат доследни и цврсти, иако тоа понекогаш може да биде предизвик.
Поставување граници
Главните задачи на родителите се да поставуваат граници за да ги заштитат децата, да ги учат на важни вештини и да ги разберат нивните чувства за да изградат доверба, вели Кенеди. Сметајте го секое тешко „не“ за успех. Кога вашето дете реагира негативно, слушајте го и дајте му поддршка со зборовите: „Ти верувам“. Потоа повторно зајакнете ја границата. Овој процес гради доверба и очекувања и го помага емоционалниот развој на децата, клучен за нивните животни вештини.
-Ако децата научат да ја поврзуваат својата вредност со добивањето на она што го сакаат, ризикуваме да одгледуваме разгалено дете – заклучила Кенеди.
912