Ништо никогаш не те подготвува за мајчинството. Ништо. Читав книги, го направив мојот план за раѓање и избрав плеј-листа за моето породување, а сепак бев тотално наивна кога дојде бебето девет месеци подоцна. Бев особено загрижена да не имам постпородилна депресија бидејќи имав епизоди на депресија уште во моите 20-ти години.

Во првите неколку месеци по породувањето, постојано внимавав како се чувствувам. Тоа беше една мешавина од лишување од сон и блаженство. Се справував со новото мајчинство како шампион во првите шест недели во 3 часот наутро, кога мојот сопруг и јас се скаравме – најголемата кавга досега во нашиот брак. Не можам сега ни да се сетам за што се работеше – моите единствени живи спомени од тоа време се дека многу ме болеа градите: но го препишав тоа на хормоните и големиот недостиг на сон. Бев добро во следните четири месеци додека слично чувство на неконтролираност не ми се појави од никаде. Во еден момент му ја објавував љубовта на моето мало семејство, следниот миг плачев, мачката мјаукаше, а мојот ум беше исполнет со гласна врева и хаос. Се чувствував како да сум в ќош, не можев да избегам на тивко и да одморам. Се изгубив. Бесот што го почувствував беше толку реален и толку силен што ме исплаши. Мојот сопруг, во обид да ме смири, дојде да ме прегрне, но јас толку силно му ја удрив раката што ми звучеше како да го плеснав в лице. Тоа беше прв пат да му кажам да ме остави. Се збуни. Тој не можеше да разбере како во една минута бев добро, а во следната – бесен лудак. А ни јас не можев. Почнав да добивам паничен напад и морав да се качам горе за да се обидам да се приберам и да сфатам што по ѓаволите ми се случува.

Потоа, речиси секоја втора недела, доживував неверојатни напади на бес, проследени со чувство на огромна вина. Заедно со растечката вознемиреност за безбедноста на моето бебе – имав кошмарни визии како ќерка ми навистина се разболува и дека тоа ќе ме држи будна ноќе – стана кристално јасно дека сум во тотален хаос. По една година се загрижив дека ова е само мојата нова норма: секогаш се грижам за состојбата на моето бебе и никогаш немам доволно трпение со расплаканото мало човечко лице кое целосно се потпираше на мене од ден на ден. Ја сакав ќерка ми неизмерно, но забележав дека почнувам да се чувствувам како неповрзана со неа.

– Се грижев за неа повеќе од должност отколку од сочувство и трпение. И станав љубоморна кога таа го претпочиташе татко ѝ пред мене и го сфатив тоа лично, оти тоа некако покажуваше дека сум лоша мајка.

Сè ме вознемируваше, дури и дишењето на мојот сопруг, и ми требаше малку време да се приберам. Во овие напади на бес целото мое тело се загреваше и се тресеше и не можев да разберам зошто не можев да се смирам. Ова не беше жената што ја познавав. Ова не бев јас. Ова траеше во текот на целата најмрачна зима што ја имавме последниве години, а дури по 16 месеци од раѓањето на ќерка ми сфатив дека треба да побарам помош. Тоа утро ја заборавив нашата годишнина од свадбата, и како надополнување, бев неподнослива кон мојот сопруг од моментот кога се разбуди. (Да бидам искрена, тој живееше со истото гадење последната година и кој всушност би сакал да биде постојано околу таква жена?)

Тој ден закажав состанок со мојата докторка и штом таа дојде да ме види, се расплакав бидејќи се обидував да се грижам за мене додека не се почувствував безбедно да ја ослободам болката. Таа ме натера да пополнам скала за депресија со прашалник за лично здравје. Добив 21 резултат, што значи дека имав тешка депресија. Ова не ги оправдуваше моите испади, но ми беше големо олеснување што знаев дека има причина. Ми беше дијагностицирана постпородилна депресија и ми препишаа лекови за да ми помогнат повторно да се чувствувам повеќе како себе. По две недели, почувствував речиси моментално олеснување. Се чувствував помалку возбудена и вознемирена. Ја гледав ќерка ми со помалку нервоза, но со повеќе чудење и страхопочит.

Денес се чувствувам стабилна.

Наоѓам радост во поминувањето време со ќерка ми. Пееме и танцуваме, ѝ читам приказни. Не сум огорчена цело време како да сум заглавена дома и како да пропуштам сѐ што се случува во светот, дури и кога ќе ги видам шегите на моите пријатели на Инстаграм или Фејсбук. Можам да се смеам на себе со моите пријатели и да се забавувам со нив без да се грижам за тоа што сум мајка. Не се опседнувам со неважни ситници.

Потрпелива сум и имам понежен контакт со семејството и тоа ми значи најмногу.

Затоа што тие заслужуваат подобро. И уште поважно, и јас исто така.

Автор: Аги Армстронг

Извор



912

X