Од ден на ден се движиме сѐ побрзо и побрзо и во таа трка со секојдневието и реалниот живот често забораваме на некои ситници кои едноставно можат да нѐ воодушеват. А најчесто она што може да нѐ воодушеви е најблиску до нас. Нашите деца.
Додека се мали, понекогаш не ни помислуваме да им поставиме некои сериозни прашања, мислејќи дека ги знаеме и дека тие сами би ни се обратиле ако имаат што да ни кажат. Но, забораваме и дека толку често нѐ изненадуваат. Дајте им шанса на децата да ве изненадат, а за возврат можеби ќе ви дадат мисли кои можете да ги запишете и засекогаш да ги чувате…
Мајка која го води профилот „домашно училиште со љубов“ на „Инстаграм“ објавила видео во кое дава идеја за 7 прашања кои можете да му ги поставите на вашето дете додека е доволно мало за да ви каже сè, а тоа може да ја зајакне вашата врска и да му даде на детето чувство на сигурност и љубов.
-Запомнете, не треба само да поставувате прашања, туку навистина да ги слушате нивните одговори и да ги споделите овие моменти заедно. Да ги зачуваме овие драгоцени времиња со нашите малечки – рекла таа.
Еве ги прашањата:
-За што размислуваш многу?
-Што те прави најсреќен/а?
-Како се чувствуваш кога си со мене?
-Дали има нешто за светот или луѓето што сакаш да го разбереш?
-Кој е твојот омилен спомен со нашето семејство?
-Дали има нешто што те загрижува или ти предизвикува стрес?
-Дали има нешто што сакаш да го научиме заедно?

Одговорите на овие прашања може да бидат сосема неочекувани и интересни, кои би можеле да ви дадат „материјал“ за пишани спомени кои долго ќе ги негувате…
Видеото погледнете го овде.
Автор: Наташа Крстичевиќ
912