Сѐ почнува и сѐ завршува со нашиот поглед на светот

Секогаш било и така и ќе биде – за да го промениме светот, мора да тргнеме од себеси. Од своите скршени парчиња душа. Доколку имаме рамка на однесување која ни налага на сите предизвици да гледаме со критика и негодување, прво мораме да ја промениме. Мораме да престанеме да се жалиме за ситници.

Понекогаш вреди да го загризете јазикот и да ги победите оние ниски страсти што ве тераат да се жалите.

Позитивниот говор железни вратни отвора

Начинот на кој разговараме со децата им влијае во непоимливи размери. Сакаме нашите деца да бидат насмеани и оптимистични, затоа и начинот на кој разговараме со нив е клучен. Пофалбите и охрабрувањата се како животни крилја, а непрестајните критики ја убиваат волјата и детето може да помисли дека ништо не може да направи како што треба. Тоа не значи дека не треба да разговараме за негативното, туку негативното да го користиме како поттик за нова лекција, ново искуство и подобрување.

Намалете ги очекувањата

Сосема е нормално да имаме големи очекувања од своите деца, но нормално е и пожелно да ги задржиме за себе. Сакаме нашите деца да бидат најдобри во сѐ, почнувајќи од училиште, па до спортовите. Кога непрестајно ги туркаме децата, им задаваме задачи во нашето темпо, ризикуваме да прегорат, народски кажано. Треба да се стремиме кон успеси во нивно темпо, според нивната брзина и нивните желби.

Пет позитивни работи на ден

Во текот на денот најдете време што ќе го одвоите за на мир да поразговарате со децата. Разговарајте за тоа како го поминале денот и разменете пет работи што позитивно влијаеле врз вашиот ден. Тоа може да го правите додека ги носите на училиште, до продавница, на пат кон паркот. Овој процес лесно ќе ви се вовлече под кожа на сите и ќе постави позитивен филтер на животните очила.

Позитивни акции, не санкции

Иако позитивниот говор има многу придобивки за растењето, никогаш не занемарувајте го прегрнувањето. Знаете и самите колку прегратката може да ве смири, да ја избрише тагата и да го опушти телото. И да заклучиме…

Советите што ги прочитавте ве водат на пат од полупразна до полуполна чаша, односно до поведрата страна на животот. Применете ги и бидете упорни бидејќи во тоа е клучот на растењето и воспитувањето.

Слична содржина:

Научете го детето да биде оптимист. 6 предлози од психологот Денкова Зафировска



912

X