Ерин Меј Квад, кандидатка за Сенатот на Минесота, добила породилни болки за време на нејзиниот говор на конвенцијата на нејзината партија. Таа во деветтиот месец од бременоста застана пред стотина луѓе за да го одржи својот говор.

– Беше најавена веста дека имам породилни болки, нели? – ја праша публиката откако излезе на подиумот, каде што беше пречекана со громогласни овации и аплауз.

– Ова е наш момент да ја градиме нашата иднина заедно, да ја отклучиме моќната трансформативна политика, што значи дека можеме да помогнеме да се постигнат сигурни и стабилни заедници, да создадеме економски можности и просперитет и да ги заштитиме нашите граѓански и човекови права и да ја зајакнеме нашата човечка и јавна инфраструктура. Извинете – рече таа, застанувајќи накратко за да земе длабок здив, фаќајќи се за стомакот поради контракциите.

Публиката ја бодреше, а таа рече дека е добро и продолжи со својот говор.

По говорот, Меј Квад отиде во болница и роди здраво девојче.

Извор



912

X