Поминаа три години и вашето дете сега е живо и весело дете. Ја слушам како радосно вика и трча наоколу сè додека нема судир, а потоа ги слушам вашите гласови преку нашите заеднички ѕидови, врескање или смирување во зависност од несреќата. Не се сомневам дека сте добри родители. Изгледа дека има многу љубов во вашиот дом. Мојата сопруга и јас немаме деца поради наш избор, но никогаш не сме им суделе на оние што донеле одлука да бидат родители. Ова беше тестирано до границите кога се доселивме до вас, само неколку дена пред да се роди вашата ќерка.

Сега мојата сопруга и јас го искусуваме чувството како би било да се биде нов родител: знаеме како е да се будиш неколку пати во текот на ноќта, во тој час кој има ефект врз нервите каков што има и алармот за пожар. Сте одлучиле да ја чувате ќерката во спалната соба со вас, а само еден слој од цигли е единствената заштита од месеци ноќно врескање. Нејзиното лелекање нè чинеше голем број часови без сон во моменти кога нашите кариери предизвикуваа стрес и бараа многу од нас. Тоа предизвика создавање непоканет вирус во нашата врска и го намали уживањето во нашиот нов дом.

Вие никогаш не се извинивте, ниту некогаш споменавте нешто. Не видов никаков доказ дека некогаш се обидовте да ја намалите вревата за наше добро или, на пример, да се преместите во друга соба. Познавам доволно нови родители за да знам дека не ви ни паднало на ум да го сторите тоа. Ние никогаш не ни прашавме: во нашата култура на обожавање на децата не постои посериозна социјална грешка од тоа да се побара од некој родител да постави граница на вознемирувањето предизвикано од неговото мало дете. Се претпоставува дека ние, пар без деца, не разбираме како е да се биде родител и немаме право да коментираме.

Разбираме дека родителството е тешко и фрустрирачко и најмногу од сè, исцрпувачко. Сепак, колку безобразно и да звучи ова, светот не сопира бидејќи вие имате дете. Луѓето околу вас имаат сопствен живот со кој треба да се занимаваат, сопствени проблеми кои не им ги наметнуваат на другите. Да очекувате и тие да ги споделуваат вашите непријатности е навистина себично. Минатата недела слушнав како му зборувате на друг сосед дека размислувате да имате второ дете. Не очекувам да покажете поголем обзир за нас отколку оној што го имате со првото дете. Само се надевам дека второто дете ќе биде малку потивко.

Извор



912

X