Секоја недела Маркус Хил и неговиот син Ем Џеј се будат порано за да подготват обемен појадок кој седумгодишниот Ем Џеј ѝ го носи во кревет на мајка си.

Додека внимава на појадокот, неодоливото дуо секогаш пронаоѓа и неколку минути за танц, а Хил открива дека одлучил да го снима нивниот утрински ритуал за да ѝ го покаже на сопругата.

 

– На почетокот таа не знаеше што се случува во кујната. Само слушаше тавчиња и тенџериња, па затоа снимив за да ѝ покажам – рече Хил.

Нивниот ритуал почнал на Денот на вљубените, кога Хил сакал да направи нешто посебно за својата сопруга, а во тоа му помогнал неговиот син, кој подоцна му рекол дека сака да продолжи да готви за мајка си.

– Кога виде дека мајка му е среќна, сакаше да продолжи за таа да биде среќна – вели Хил.

Извор

 



912

X