Астронаутот Крис Фергусон, кој се очекуваше наредната година да биде командант на првиот тест-лет на екипажот што треба да лета со „Боинг“, одлучи да остане на Земјата за да може да присуствува на венчавката на неговата ќерка.

Во објава што неодамна ја сподели на својот твитер-профил, Фергусон напиша:

– Преземам нова мисија, мисија што ќе ме држи на Земјата и му дава приоритет на мојот најважен екипаж – моето семејство.

Фергусон сега ќе ја преземе улогата на директор на Мисијата за интеграции и операции, како директор на екипажот за системи, дел од програмата на лет со „Боинг“. На видеото што го сподели на „Твитер“ тој вели дека е длабоко посветен на човечкиот лет во вселената и на програмата „Старлајнер“.

– Но, наредната година е многу важна за моето семејство. Имам обврски што едноставно не можам да ги пропуштам – рече тој.

Извор



912

X