Во 90-тите години тинејџерите растеа во уникатно време кога работите се случуваа без дигиталната доминација. Ова се активности кои го одбележаа растењето на тинејџерите во 90-тите.

Користење фиксен телефон

Во 90-тите години децата често зборуваа на фиксни телефони, а за повеќето тоа беше единствениот начин на комуникација. Денес, со мобилните телефони и социјалните мрежи, комуникацијата е променета, со што технолошкиот напредок е клучен за тоа како младите се поврзуваат и остануваат поврзани.

Снимање песни од радио

Денес слушањето музика е лесно со различни платформи како „Ајтјунс“ и „Спотифај“. Но тинејџерите во 90-тите ги немаа овие можности. Наместо тоа, тие трпеливо чекаа пред радиото, желни да го фатат тој посебен момент кога нивната омилена песна ќе почне да свири само за да можат да ја снимат на лента.

Снимање музички компилации

Вештините за снимање беа особено важни кога станува збор за правење микс-лента. Микс-лента е снимена компилација на музика, обично од повеќе извори. Овој термин обично опишува домашна компилација на музика на касета, цеде или дигитална плеј-листа. Тоа беше уште едно хоби на тинејџерите во 90-тите.

Овие активности, кои ги карактеризираа тинејџерите во 90-тите, денес се минато. Сепак, ни оставија скапоцени спомени и сеќавања.

Извор



912

X