По породувањето на многу жени им е тешко да ги прифатат промените на своето тело. Проектот наречен „Тела од четвртото тримесечје“ прикажува вистински фотографии од мајките со нивните деца кои ги слават телата по породувањето онакви какви што се – прекрасни, без оглед на стриите, лузните и другите промени на телото.

Прифаќање на телото по породувањето

Фотографката Ешли Велс Џексон и костимографката и стилистка Лора Вези Вилсон го создадоа токму овој проект, кој го слави мајчиното тело токму онакво какво што е.

Ешли, мајка на осумгодишниот Ксавиер и на близнаците Нове Емери и Арурора Еизли, по породувањето се борела со прифаќањето на сопственото тело, а овој проект, кој ги прикажува фотографиите на мајките во различни години и фигури, го слави мајчинството без оглед на стриите, лузните и другите промени на телото. И Ешли се фотографирала со своето бебе.

Погледнете ги фотографиите од седум прекрасни мајки кои гордо го покажаа своето тело за да им помогнат на другите мајки да го засакаат своето тело по бременоста, породувањето и доењето.


Мајка на три деца

Мајката на двегодишната Софи и 10-месечните близнаци Емили и Џуд, Џоја ван Дер Лан, своето прво дете го родила без епидурална анестезија. Иако не планирала толку рано да има второ дете, таа забременила и открила дека носи близнаци.

За второто породување се одлучила за епидурална. На почетокот имала тешкотии со доењето на близнаците, но сега ги дои без проблем.


Породувањето полесно од доењето

Пит Одонел имала спонтан абортус во 12. недела. Мајката на осуммесечниот Брок вели дека бременоста со синчето ѝ била лесна, како и 14-часовното породување.

На почетокот имала проблеми со доењето и вели дека порадо би се породила уште четири пати отколку повторно да ги доживува болките со почетокот на доењето. Денес таа успешно дои и повторно е бремена.

Двапати царски рез

Катрина Свансон, мајка на тригодишниот Сојер и 9-месениот Фин, долго време се борела со прифаќањето на своето тело и нарушувањето во исхраната и компулсивното прејадување.

Иако планирала природно породување, првото породување завршило со итен царски рез на кој добила две трансфузии на крв. Во средината на втората бременост одлучила повторно да оди на царски рез.

Помалку калории отколку пред бременоста

Амбер Лангистајнер, мајка на 4-месечната Меги, по здравата бременост во која не добила многу килограми, не била свесна дека некое време по породувањето ќе изгледа како бремена, сè додека во медиумите не ја видела Кејт Мидлтон.

Сега има помалку килограми отколку пред бременоста, но тврди дека нејзиното тело е различно.

Борба со неплодноста

Џилијан Кураж е мајка на 4-годишната Меделајн Клер, а по борбата со неплодноста забременила преку ин-витро. Во текот на бременоста ѝ бил дијагностициран рак на бубрегот, а по породувањето ѝ бил отстранет.

Девојче го родила во 37. недела, а кога бебето имало една недела, била на операција за мочниот меур. Иако на почеток се мачела со доењето, сега успешно ја дои ќерката.

Патела од постпородилна депресија

Кетрин де Маригн е мајка на 2-годишниот Тејлор и 10-месечниот Ендру. Како млада девојка имала операција, при што ѝ бил отстранет дел од цревата, па поради тоа ѝ останала лузна на стомакот. Постариот син го родила во 37. недела, мислела дека ќе оди на царски рез, но не отишла.

По раѓањето, бебето не дишело нормално и две недели било во инкубатор. По двете бремености, таа страдала од постпородилна депресија, но еден ден сака да има уште деца.

Бременост со близнаци

Тифани Сандерс е мајка на 5-годишниот Девон и 2-годишните близначиња Адалин и Лондин. Првото синче го родила со царски рез, а по раѓањето бебето не дишело. По лошото искуство со првото породување, втората бременоста била уредна до 19. недела, кога почнале болките.

Лекарите мислеле дека ќе ги изгуби двете бебиња, но болките биле запрени и Тифани останала во болница до 28. недела, кога ги родила. Наредните два месеца близначињата биле во инкубатор. По проблематичното породување, Тифани се борела да го прифати своето тело.

Извор



912

X