Игротека

Новороденче го поздравува својот татко со насмевка откако му го препознава гласот

Врската помеѓу овој татко и неговото бебе остава пресладок впечаток. Флавио Дантас од Рио де Жанеиро, Бразил, е воодушевен што станал татко. Тој му зборувал на бебето секој ден додека не се родило, а немал идеја колку многу  ќе му се исплати неговиот труд.

Дантас и неговата сопруга Тарсила Роса Кордеиро Батиста станале родители на нивната ќерка Антонела. Семејството живее во Бразил. Медицинскиот персонал го ставил бебето на градите од мајката. Она што следувало ги разнежнило срцата на родителите. Дантас почнал да ѝ зборува на својата ќерка, а таа ги отворила очите и му се насмевнала. Воодушевен од ова животно искуство, тој опишал дека неговата љубов кон ќерка му е „преголема за да ја собере во срцето“.

Антонела имала многу време за да се навикне на гласот од татка си. Бидејќи бебињата можат да процесираат звуци од својата 16. недела, до 26 недела веќе реагираат на звуци од надворешниот свет и вообичаено се смируваат од гласовите на родителите.

– Тој секогаш ѝ кажуваше дека многу ја сака. Добро утро – кога одеше на работа, поздрав кога пристигнуваше,  ѝ велеше дека секогаш ќе биде тука, го милуваше мојот стомак. И неверојатно е како секогаш кога го правеше тоа таа почнуваше да мрда – изјавила Батиста.

Медицинската сестра го уловила овој момент со камера и во објава на „Инстаграм“, Дантас ги објаснил неговите чувства.

– Не можам да опишам што чувствувам во моментов. Секој ден зборував со ќерка ми додека беше во стомакот на мајка ѝ и секогаш ѝ кажував дека ја сакам, дека тато е тука и дека ќе бидам најдобриот татко на светот! Кога се роди, погледнете како ми возврати! Со неодолива насмевка“.

 

 

View this post on Instagram

 

Quando vi minha família pela primeira vez ❤️?

A post shared by Antonella (@antonella.vilela) on

Како насмевката да не била доволна, па дури се родила и на Денот на татковците во Бразил. Тоа сигурно ќе биде денот кој Флавио ќе го памети до крајот на животот.

Автор: Сем Смит

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top