Никол Кидман и Кит Урбан наскоро ќе прослават 15 години брак. Во текот на гостувањето на „Лајв со Кели и Рајан“ славната актерка се потсетила на слатките гестови на сопругот кои ја трогнале додека била бремена со нивната ќерка Сандеј Роуз.
„Кога бев бремена со Сандеј, тој седна во авион и долета во Австралија за да биде присутен на првиот ултразвучен преглед. Тоа беа 6 часа, ги виде отчукувањата на срцето и потоа долета назад во Лос Анџелес“, раскажала таа.
Парот ја има 10-годишната ќерка Фејт Маргарет, додека Кидман од бракот со Том Круз ги има и ќерката Изабела (28) и синот Конор (26).
„Кит ми е омилената личност, искрено. Се разбира и децата“, додала со насмевка на лицето. 54-годишната Кидман неодамна открила дека отсекогаш сонувала за големо семејство.
„Сакав да имав повеќе деца, но не ми е даден тој избор. Би сакала да имам 10 деца. Но, добив можност да бидам мајка и на други деца. Имам 6 внуци и внуки и кума сум на 12 деца. Го сакам мајчинството, сакам деца: необични се, смешни и нефилтрирани. Можеш да видиш како растат и да ги испратиш на нивниот пат“, појаснила таа за магазинот „Мери Клер Австралија“.
Од 1990 до 2001 додека била во брак со Круз, Кидман доживеала спонтан абортус и ѝ рекле дека се мали шансите да зачне.
„Тоа беше огромен, болен копнеж. За спонтаниот абортус не се зборува доволно. Тоа е огромна тага за одредени жени. Од една страна е огромна количина на болка, а од друга – огромна количина радост. Кога ќе добиете дете потоа, можете само да здивнете“, изјавила таа во 2018 година за „Татлер“.