Игротека

Ни треба повеќе смеа во училиштата!

Веројатно би ни било полесно кога вакви ситуации не би се случувале. Меѓутоа, мислам дека тие се позитивна работа. Во нашата професија тешко е да се најде причина за смеење (поради разноразните политики кои по правило мора да имаат одек врз образовниот систем). Затоа мислам дека е многу важно да се пронајде хумор во секојдневните ситуации. Особено кога работите на место во кое односите меѓу луѓето се најбитни – ваквите моменти се потсетник дека сме луѓе, дека сите сме исти и дека не треба ни себеси ни другите да ги сфаќаме пресериозно.

Замислете ја оваа ситуација: анонимен наставник, младолик приправник (тоа би бил јас), колегата го замолил да го причува неговиот клас бидејќи итно морал да оди во тоалет. Само нека бидат мирни, им дадов тест да работат. Влегувам во неговиот клас и се вџашувам: учениците си зборуваат, неколку ученици шетаат низ училницата, никој не седи на место и не пишува. Време е да преземам контрола, помислувам јас, наставникот-приправник.

Сите веднаш замолкнуваат, но не ми преостанува време за ликување

Кога конечно почнувам да зборувам, моите зборови звучат престрого: Што се случува овде, по ѓаволите? ПРЕСТАНЕТЕ веднаш! Сите веднаш замолкнуваат, но не ми преостанува време за ликување. „Наставнику, нашата наставничка е овде“, вели една ученичка. Го следам нејзиниот прст и ја гледам наставничката, која до тој момент го водела часот совршено согласно нејзиниот план. Единствено не било испланирано часот да го прекине овој студент-наставник, кој очигледно и самиот тукушто излегол од пубертет и влегол на погрешен час во погрешен клас, со целата самодоверба на овој свет. Изразот на нејзиното лице покажуваше изненадување и заинтересираност, а видов и дека испадот ѝ беше смешен. Излишно е да го коментирам ова.
Кога конечно ја најдов училницата (каде што учениците работеа во совршена тишина) и се сместив на местото на наставникот, единствено на што мислев е дека ќе морам да ја избегнувам наставничката по секоја цена до крајот на мојот пробен период.

 

На предавање пред осмоодделенци ми се скинаа панталоните на половина

Комичарот Расел Бренд вели дека неговиот живот всушност е серија од непријатни ситуации кои се надоврзуваат една на друга во анегдоти за тие непријатни ситуации. Токму така можат да се опишат моите десет години во училница: почнувајќи од укорот што ѝ го одржав на една ученичка за тоа колку е себично да се фрла ѓубре, по што видов дека всушност таа само оставила парче хартија под клупата, до моментот кога при едно претерано живо предавање за Ричард Трети пред осмоодделенци чув како ми се кинат панталоните на половина. Училиштето едноставно е магнет за непријатни ситуации.

Бидете сигурни дека одделението секогаш ќе ви укажува на вашите недостатоци. Ако педагогот ви најавил посета, бидете сигурни дека најнемирните ученици ќе ја почувствуваат шансата да се покажат во таа пригода. Се сеќавам дека еднаш, во налет на оптимизам, подготвив иновативен и забавен (за волја на вистината и малку несериозен) час за различните нивоа на формалност во јазикот. На прожекторот ставив фотографија од директорот, а одделението требаше да даде мислење за начинот на кој треба да му се обраќаме. На крајот требаше да ги рангираме различните начини според степенот на формалност. Ова прашање во друга пригода би можело да поттикне жива расправа, меѓутоа, на тој час, сосема случајно, наврати – директорот. Имаше што да види: сопственото лице му се смееше од таблата додека учениците го поздравуваа на најнеформални можни начини. „Гледам дека се воодушевени од часот“, промрмори тој на излегување, а јас бев уверен дека тоа ми беше последниот час во неговото училиште…

…Веројатно би ни било полесно кога вакви ситуации не би се случувале. Меѓутоа, мислам дека тие се позитивна работа. Во нашата професија тешко е да се најде причина за смеење (поради разноразните политики кои по правило мора да имаат одек врз образовниот систем). Затоа мислам дека е многу важно да се пронајде хумор во секојдневните ситуации. Особено кога работите на место во кое односите меѓу луѓето се најбитни – ваквите моменти се потсетник дека сме луѓе, дека сите сме исти и дека не треба ни себеси ни другите да ги сфаќаме пресериозно. Кога следниот пат јазикот ќе ви се заплетка додека сакате да го изговорите укорот што звучел одлично во вашата глава, или кога ќе имате непријатна случка со облеката, имајте на ум дека со тоа придонесувате училиштето да биде подобро место. Барем такво е моето мислење.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top