Мојата ќерка само што наполни две години кога го доби првиот менструален циклус. Дојде со сите придружни симптоми – промена на расположението, емоционална чувствителност, дури и желба за чоколада. Беше типичен менструален циклус. Но, се случи една деценија пред да треба да се случи. На пат кон ургентниот центар, менструацијата не ми ни паѓаше на ум. Дали Рози беше повредена? Повредила ли внатрешен орган или нешто друго посериозно се случува со мојата ќерка?

Докторот сакаше да направи рендген-снимки за да исклучи некои загрижувачки опции. Бев бремена. Мојот син од претшколска возраст и јас ја испративме Рози до собата каде што не можевме да ја придружуваме. Брат ѝ ме држеше за рака. Нашиот лекар ни рече да спакуваме торба со потребни работи за преку ноќ и да одиме во детската болница во Денвер. Д-р Макарусо ќе ни објаснел повеќе. Обидувајте се да не истражувате на „Гугл“, ми рекоа. Се разбира дека пребарав и видов дека д-р Макарусо е специјалист за тумори. Ми се згрчи стомакот кога видов дека на нејзината веб-страница пишува „Педијатриска онкологија“.

Во наредните неколку дена дознавме дека Рози има тумор на гранулозни клетки. Се работи за редок тип канцер на јајчниците кој вообичаено се појавува кај жени во постменопауза. Туморот лачел хормони и ја ставил Рози во фаза на ран пубертет. Кога ме прашаа дали била нерасположена, чувствителна, потврдно им одговорив. Но, мислев дека тоа се симптоми на детство, а не на канцер. Лекарите немаа многу што да кажат бидејќи оваа состојба не е својствена за деца. Но, има многу студии од кои може да се извлечат информации. Нешто друго што сакате да знаете? – ме прашаа. Јас молчев. Чувствував дека треба да имам повеќе прашања.

„Колку е голем е туморот?“
„Приближно колку тупаница – можеби и малку поголем.“
„Нејзина тупаница?“, прашав.
„Не, од возрасен.“

Со само десетина килограми, Рози беше невообичаено малечка за нејзина возраст. Не можев ниту да замислам тумор од таква големина во нејзиното тело. Но, сепак, беше тука. Туморот и јајчникот ѝ беа отстранети со операција. Бев сигурна дека може да има деца во иднина, освен ако канцерот не се проширил и на другиот јајчник. За среќа, не се раширил. Туморот беше поголем отколку што мислев. Гледав во сликата од туморот неколку недели, изгледаше како друг дополнителен орган. Со тоа што целосно го отстранија, ја поштедија од хемотерапија, а нејзината плодност не беше загрозена.

Среќници сме.

Следните неколку дена кога заздравуваше во болница ми се матни. Бев покрај неа постојано, спиев стуткана до неа на креветот. Го гледавме „Зоотопија“ илјада пати. Сè уште немав плачено. Поминаа 6 месеци додека дојдоа солзите, односно поплава. Толку ми требаше за да го прифатам сето она што се случи. Се разбира дека треба и понатаму да се прават контроли, следења, а и поради хормоналниот дисбаланс, Рози можеби нема да ја достигне реалната висина за возраста. Но, неверојатно е колку е неважно тоа сега.

Она што е важно е нејзината насмевка и неверојатно пеење. Работите се различни. Нашето семејство никогаш нема да биде исто. Ние, уште еднаш ќе кажам, сме меѓу вистинските среќници.

Автор: Робин Рајх

Извор



912

X