Мало девојче ги освои срцата на луѓето низ светот со начинот на кој се справило со ситуацијата кога нејзиниот татко ја испрашува.

Малата Мила еден ден си дошла дома во јакна што нејзините родители не ја виделе никогаш претходно. Но, наместо да признае дека тоа не е нејзината јакна, го издржала испрашувањето на нејзиниот татко како вистински професионалец.

Јакната му припаѓала на друго девојче од нејзината група во градинка, но на Мила ѝ се допаднала, па си ја зела дома. Разговорот што го води со нејзиниот татко поради оваа случка е снимен и стана популарен на социјалните мрежи. Таткото преку низа прашања се обиде да дознае чија е јакната, а двегодишната Мила на секое прашање имаше спремен одговор.

Кога нејзиниот татко ја праша од каде ја купила јакната, Мила едноставно и логично одговара: – Од продавницата за јакни. Кога нејзиниот татко ја праша за цената таа одговара: – Пет.

– Пет што? – ја прашува татко ѝ, на што Мила неодоливо одговара: – Пет пари.

 



912

X