Иако родителите ги делат одговорностите и должностите кога се во прашање нивните деца, во повеќето семејства и понатаму најголемиот дел од задачите паѓаат врз грбот на едниот родител. Барем така мисли Кеси Ахлас, која објави видео на нејзиниот тик-ток профил, кое брзо стана вирално.

Таа објасни што значи да се биде „главен родител“. Според неа, мајката е таа што менува пелени, мајката е таа што се грижи за здравјето на детето, го носи на училиште и на сите други активности, оди на родителски средби и слично. Всушност, мајката е задолжена за најголем дел од работите поврзани со децата.

– Ако можете да прифатите која било работа што се нуди без да се грижите за децата, ако можете да станете наутро и да се подготвите за таа работа, да пиете кафе, да појадувате во мир, ако можете да планирате одмор и не мора да се грижите дали се спакувани вашите деца… Ако можете да извршите која било работа секој ден како одење во самопослуга или фитнес-сала, што било од тоа, а вие не мора да се грижите за децата, тогаш заблагодарете му се на главниот родител – објаснува таа во видеото.

Таа додаде дека таа е главниот родител во нејзиното семејство.

– Јас сум главниот родител, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината… И тоа е многу стресно. Тоа е најнесебичната, најнеблагодарната работа на планетата – вели оваа мајка, чија објава за само шест дена собра над 3,7 милиони прегледи.

Многу родители, главно мајки, кои се пронајдоа во она што таа го опиша веднаш коментираа под објавата.

– Во нашето семејство јас сум главниот родител. И мојот сопруг секогаш се прашува зошто сум секогаш нерасположена. Тој не знае што е стрес, за разлика од мене – е еден од коментарите.

@casseysjourney #mom #dad #momsoftiktok #momlife #momtok #moms #momsover30 #momsontiktok #momsover40 #dadsoftiktok #dadsontiktok #dadsoftiktok #daddy #parent #parents #parentsoftiktok #parenting #parenthood #mother #motherhood #father #fatherhood #default #defaultparent ♬ Somewhere Only We Know – Hilman Rospandi


Извор



912

X