Хедер Чисам од Флорида била шокирана кога видела порака напишана со маркер на стомакот на нејзиниот син

Откако ги зела своите две деца од градинка и си отишла дома, мајката доживеала голема непријатност.

Имено, Хедер сакала да го пресоблече своето дете, но кога му ја подигнала маичката, ја дочекало вистинско изненадување – на неговото стомаче била напишана порака со маркер.

– Мамо, немам повеќе пелени, те молам прочитај ја пораката – пишувало на нежната кожа на нејзиното дете.

Хедер збеснала и својата приказна ја споделила со пријателите на „Фејсбук“.

– Претпоставувам дека воспитувачките вчера ми оставија порака дека мојот син повеќе нема пелени, а јас не ја видов. Наместо да дојдат и да ми кажат, тие оставија порака на неговиот стомак – напиша таа под фотографијата што ја објави.

Таа се обидела да ја избрише пораката со влажни марамчиња, но не успеала, па ги прашала своите следбеници дали беспотребно е бесна и како тие би реагирале на оваа ситуација.

Нејзиниот пост го запали интернетот и сега има над 25.000 лајкови, а е споделен повеќе од 33.000 пати. Голем дел од родителите ѝ упатија зборови како поддршка, со совет случајот да го пријави кај надлежните.

Извор



912

X