Мајка и татко од Австралија почнаа жестока дискусија откако ги ставија мајчиното млеко и вештачкото млеко под микроскоп за да ги споредат и дојдоа до заклучок дека мајчиното млеко е навистина подобра опција за бебиња отколку адаптираното млеко.

Џансен Хауард објави видео на „Фејсбук“ во кое се гледа разликата помеѓу капките од мајчиното млеко и вештачкото млеко кога се ставени под микроскоп.

Видеото јасно покажува дека мајчиното млеко е полно со витамини, протеини, пробиотици и други супстанции кои не се гледаат со голо око. Од друга страна, се чини дека адаптираното млеко не содржи ништо од ова.

– Сите знаеме кои се придобивките од доењето. Сепак, ова видео целосно ме воодушеви. Мајчиното млеко под микроскоп во споредба со адаптираното млеко под микроскоп – стои во описот на објавата.

– Покрај тоа, гледањето на мајчиното млеко на овој начин ми дава ново ниво на разбирање зошто е целосна храна за бебето – напиша Хауард.

Очекувано, објавата стана вирална и луѓето почнаа да дискутираат за мајчиното и вештачкото млеко.

– Мајчиното млеко е неверојатно. Пресреќна сум што моите три бебиња имаа корист од ова течно злато – напиша една жена.

– Тешко ми е да го гледам. Се обидов да го дојам моето бебе, но таа се роди десет недели предвреме, па тоа беше голем стрес – пишува една мајка.

Некои луѓе заклучија дека оваа објава може да ги натера мајките што користат адаптирано млеко да се чувствуваат лошо, и тоа не треба да се прави, дури и ненамерно. Но, Хауард објаснува дека видеото нема цел да ги засрами мајките кои ги хранат своите доенчиња со вештачко млеко и да ги натера да се чувствуваат лошо, туку да ги поттикне доилките да продолжат со доењето доколку што можат.

Извор



912

X