Игротека

Лоши навики на родителите што се зависни од телефоните

Сè повеќе и сè почесто се зборува за тоа дека децата премногу користат телефони, но многу поретко се споменува дека истото го прават и нивните родители. Истражувањата покажуваат дека прекумерната употреба на телефони од страна на родителите може негативно да влијае врз емоционалната интелигенција на децата.

Но, тоа не е единствениот проблем – „зомби родителите“ кои постојано гледаат во екраните на своите уреди не сфаќаат колку го поткопуваат својот авторитет и ја нарушуваат врската со своите деца.

Еве кои се тие навики:

Скролаат за време на семеен оброк

Семејните вечери се клучни за поврзаност, комуникација и сигурност. Ако родителите го користат телефонот за време на оброкот, тие ја губат шансата за вистинска поврзаност со децата и ја уништуваат блискоста што би можела да се изгради околу масата.

Сè снимаат

Наместо да бидат присутни во моментот, тие сè снимаат. Така губат контакт со децата, ја запоставуваат комуникацијата и притоа често објавуваат повеќе информации за нив на интернет отколку што би им кажале на непознат човек во живо.

Не слушаат внимателно

Социјалните мрежи им го одземаат вниманието. Наместо активно да ги слушаат своите деца, тие прават да се чувствуваат неважни и осамени.

Одат и скролаат

Дури и кога ги носат децата на училиште или одат со нив на прошетка, тие не се навистина присутни. Тоа ја руши можноста за разговор и поврзување.

Телефонот како дадилка

Некои родители им го даваат телефонот на децата само за да имаат мир. Но, тоа има сериозни последици врз нивниот когнитивен и социјален развој.

Сè објавуваат онлајн

Прекумерното споделување на семејните моменти носи ризици. Наместо да уживаат во моментите, тие постојано мислат како да ги објават, што негативно влијае и врз нивното самопочитување.

Телефонот им е поважен од децата

Кога детето бара помош или покажува емоции, а родителот го одбива со „тивко“ или „псст“ бидејќи гледа во телефон, тоа испраќа порака дека не му е грижа. Последицата е огорченост и заладени и далечни односи.

Пропуштаат важни моменти

Првите чекори, настапите во дневната соба или други мали, но значајни моменти често остануваат незабележани бидејќи вниманието им е насочено кон телефонот.

Ги критикуваат децата за користење на телефонот

Иронично, токму оние родители што премногу го користат телефонот најчесто ги критикуваат своите деца дека го прават истото. Тоа создава конфликти, лицемерие и дополнителни проблеми во односот.

Ги игнорираат испадите на бес

Наместо да им помогнат на децата да научат здраво да ги регулираат емоциите, овие родители ги игнорираат своите деца.

Извор

Поврзани написи

To top