Кога ми се роди првиот син, ја перев неговата малечка облека со органски детергент без мирис. Ја диплев педантно, ставајќи ја во фиоките од неговиот гардеробер. Ја дезинфицирав целата куќа, поставував заштита на местата каде што може да се повреди, читав книги за родителство и одев на часови за породување. Кога дојдовме дома од болница, бев парализирана со страв. Постојано проверував дали дише додека спие. На „Гугл“ постојано ја впишував фразата „Дали е нормално бебињата да…“, повеќе пати отколку што можам да избројам.

Кога се роди мојот трет син, мојот сопруг донесе кутија од истата малечка облека од гаражата. Ме праша дали прво ќе ја переме. Не ни паузирав пред да кажам НЕ. Ги исправ пред 4 години. Никој нема време за толку облека.

Со текот на години се откажав од многу мои несигурности и идеи за тоа што значи да се биде „добар родител“. Сфаќам што е важно, а што не. Накратко, помалку ми е гајле. Се откажав од органскиот животен стил кој го визуализирав како млада мајка со цел да си го сочувам разумот. Дефинитивно ја изговарав фразата „Ако не е алергична на храна од кучиња и средство за чистење тоалет, тогаш се обложувам дека јагодите не се она што ќе ја убие“.

Кога и да сум во соба со мајки со прво дете, што е често, кои се опседнати со тоа дека нивното бебе е чувствително на глутен, сакам да ги фатам за рамена, да ги истресам и да им кажам дека работите за кои се грижат не се вредни за тоа. Јас веќе знам. Сум го поминала тоа 3 пати. Мојата ќерка јадеше колачиња кои го имаше потопено во вир со кал вчера, па вашето бебе сигурно ќе ја преживее транзицијата од пире на јогурт. Мајките трошат толку време грижејќи се за тоа дали ќе бидат перципирани како лош родител, ако постојано не се во агонија заради распоредите за спиење или начинот на кој треба да се организира денот на детето.

Како мајчинството да може да се измери врз основа на тоа колку се грижиш за секоја тривијална одлука.

Мајките што седат дома се експерти во однос на грижењето, често поминувајќи ги деновите едуцирајќи ги луѓето на „Фејсбук“ за опасностите од несоодветната бебешка облека и генетички модифицираната храна. Но, сета таа грижа е толку тешка. Се сеќавам како беше кога бев под стрес за секоја работа што не беше важна – беше ужасно. Поминав многу време обидувајќи се да го контролирам секој мал детал поврзан со родителството. Се чувствував како да имам мислење за сè. Морав да бидам „правилниот“ вид мајка. Морав сè да правам „правилно“. Не можев да замислам во првата година од мајчинството дека ќе дојде ден, а јас да не направам домашно зготвена бебешка храна, дека ќе го оставам детето само да ја крене цуцлата од подот и слично.

Тоа што имам повеќе деца ме натера да се откажам од контролирањето на незначајните детали и да се фокусирам на важноста на тие рани години од мајчинството. Морав да изберам што е она за што треба да се грижам, а сега изненадувачки мал број нешта се вредни за да бидат дел од таа листа.

И знаете што? Сега всушност уживам во мајчинството.

Не се грижам што мислат другите луѓе за мене како родител. Воопшто не ми е гајле. Сега сум подобра мајка бидејќи сум сигурна во тоа што сум. Моите деца се подобри бидејќи не сум постојано под стрес. Откажувањето од тие невозможни родителски идеали е добро нешто за сите вклучени страни. Па опуштете се малку. Не грижете се толку. Ќе ми бидете благодарни.

Автор: Џема Хартли

Извор



912

X