Игротека

Кога може детето да почне да спие со омилената кадифена играчка?

Децата сакаат кадифени играчки. Дури и ако детето има само една играчка, најверојатно таа е кадифена. Но, изборот е огромен, има кадифени мечиња во сите облици и големини, а при купувањето треба да имате на ум неколку важни работи.

Размислете за возраста на детето

Купувањето кадифено животно за бебе е различно од купувањето за постаро дете. Бебето нема да си игра со кадифената играчка како постарото дете и ќе биде повеќе украс, но бебето ќе го допре, па мора да биде безбедно за таа возраст, што значи дека не смее да има ништо што бебето може да го проголта. Што се однесува до постарото дете, кадифеното животно ќе биде наменето за игра, патување и спиење, па затоа најважно е да е издржливо.

– Многумина им купуваат кадифени животни на новороденчиња, но нема потреба од тоа. На бебињата им треба блискост и контакт со родителите – вели м-р Ива Брчиќ, овластен едукатор и претседател на здружението „Најсреќното бебе“ во Хрватска, и објаснува дека кадифените играчки се одлични кога бебето ќе наполни една година.

Размислете за интересите на детето

Детето ќе игра со кадифената играчка, па добро е да размислите за неговите желби и интереси, односно кое животно или лик му се допаѓа.

Нека биде незаборавно искуство

Честопати искуството е она што прави нешто посебно. Заедничкиот избор на кадифено животно ќе биде нешто што детето ќе го памети до крајот на животот, па подарокот не треба да биде изненадување. Земете го вашето малечко со себе на шопинг и дозволете му да го избере совршеното кадифено мече. Исто така, добра идеја е да купите повеќе, па ако едно е уништено или изгубено, детето ќе има друго.

На што треба да внимавате кога купувате?

За да избегнете опасни ситуации при купување кадифено мече, Ива дава неколку совети:

– Кадифеното мече да нема пластични очи, нос или копчиња бидејќи се опасност од задушување;

– Да нема делови што се одвојуваат;

– Да нема конци или слично;

– Избегнувајте големи кадифени мечиња бидејќи се тешки и може да паднат врз бебето;

– Избегнувајте кадифени мечиња на батерии;

– Внимавајте на материјалот на играчката бидејќи бебето ќе ја стави в уста;

– Обрнете внимание на тоа дали може да се пере.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top