Никол од Велика Британија сакала да организира раскошна забава за своето мало девојче бидејќи тоа е единствено во семејството што сака да биде принцеза. Така, таа на нејзиниот сопруг му најавила трошок од 8.000 евра, но потрошила трипати повеќе.

– Таа сè уште е моето единствено дете што живее во бајки и сакам да го овековечам тој момент – рече Никол во емисијата „Outrageous Kids Party“.

Таа потрошила речиси 25.000 евра за да ја организира прославата за шестиот роденден на нејзината ќерка и да ѝ овозможи забава од бајките. Како што вели, сакала на нејзината ќерка Грејси да ѝ овозможи прослава за паметење, бидејќи нејзините две постари деца на возраст од 16 и 18 години повеќе не го сакаат тоа.

– Мислам дека најдобрите работи во животот не доаѓаат со големи забави – изјави нејзиниот сопруг Џејсон, кој ја молел да ги држи трошоците под контрола. Секако, плановите на неговата сопруга ескалирале, а со тоа и буџетот за роденденската забава бидејќи таа одлучила: да изнајми замок каде што ќе се одржи забавата и 2.000 цвеќиња за да го украси, како и 300 костими за децата, скулптура од мраз и јадење за 250 гости.

Прославата на Грејс чинела трипати повеќе од првичниот план. Грејси пристигнала на забавата во кочија. Никол дури и ангажирала шминкерка која требало да ја подготви малата принцеза Грејси, но таа не покажала никаков интерес. Кога конечно била подготвена, влегла со кочија со коњи на големиот влез во замокот, каде што ја чекала самовила со список со гости.

Иако беше забава од најлудите соништа на повеќето шестгодишни деца, Грејси не беше баш воодушевена. Кога ја виде својата торта на осум ката, беше прилично бесна.

– Грејси е малку перфекционист, како нејзината мајка, и кога ѝ ја донесоа тортата, таа рече: „Нели требаше да биде сина?“ и почна да плаче – вели Никол, која за прославата ангажирала и професионални танчари.

Но, набрзо насмевката се вратила на лицето на нејзиното мало девојче. Кога ѝ бил даден подарокот за нејзиниот роденден, розов автомобил во природна големина, таа била воодушевена.

– Сите си поминаа убаво, ова беше волшебна прослава – заклучува Никол.

Извор



912

X