Кејт Хадсон неодамна објави видео на својот инстаграм-профил од нејзината утринска сесија на медитација, заедно со посебен гостин – нејзината ќерка Рани Роуз, која ѝ седи во скутот.
На видеото и мајката и ќерката седат во совршена позиција „пеперутка“. Двегодишната Рани Роуз ги подигнува рацете над главата пред Кејт нежно да ја коригира нејзината форма – потоа тие се подготвени за нивната медитација.
Ова не е првпат Рони да ѝ помага на мајка си во медитацијата. Инспиративно видео на „Инстаграм“ објавено во август покажува како девојчето се искачува по нозете на Кејт додека таа прави серија пози.
View this post on Instagram
Morning yoga with my little monkey ?? #PartnerYoga #SundaySelfCareInMyUnderwear ? #kitundergarments
Видеата се добар потсетник дека медитацијата е забавна, смирувачка активност што може да се практикува со семејството.