Кожата е нашиот најголем орган, кој зафаќа 18 отсто од вкупната телесна тежина, па ни помага во одржувањето на внатрешната температура, нè штити од штетни бактерии, повреди и алергени. Но, за непречено да ја извршува својата заштитна улога, многу е важен нејзиниот заштитник – микробиом. Тој е прва линија во одбраната на телото од различни болести, а неговото созревање во текот на детството претставува пресуден чекор во развојот на имунолошкиот систем во возрасната доба.

Важноста на микробиомот во текот на растењето

Кожата е прекриена со микробиом, заедница на микроорганизми која ја сочинуваат бактериите, габите, паразитите и вирусите. Првата средба на детето со бактерии ќе се случи уште во мајчината утроба, потоа по породувањето и подоцна со доењето. Микробиомот продолжува интензивно да се формира во текот на првите месеци од животот, а до крајот на втората година се формира состав кој останува во текот на целиот живот и е единствен кај секоја личност.

Експертите од лабораторијата „Ла Рош – Посеј“ со години го истражувале кожниот микробиом, па успеале да докажат дека неговата нерамнотежа доаѓа до егзем и појава на кожни заболувања, како што се атописки дерматитис, себороичен дерматитис, псоријаза, акни и други заболувања. Затоа е важно од најрана доба да се води сметка за неговата рамнотежа, па да се реагира ако се појават знаци на дисбаланс.

Како да се заштити исушената детска кожа?

Поради ширењето на коронавирусот, принудени сме да престојуваме во услови во кои дополнително може да ни се исуши кожата, особено ако неколку фактори истовремено дејствуваат. Обрнете внимание на некои од главните причинители на сувата кожа:

1. Домашно греење

Греење или климатизација во затворен простор резултира со изразено сув воздух. Поради тоа, важно е просторот повремено да се проветрува, а за одржување на влажноста може да помогне апарат за навлажнување на воздухот.

2. Силни сапуни

Природната pH-вредност на кожата е помеѓу 4,5 до 7,5, а сапуните што се премногу кисели или премногу алкални може да ја исушат кожата отстранувајќи ги од неа природните липиди. Затоа, токму на подрачјето на рацете најчесто може да се видат знаци на сува кожа, особено на просторот помеѓу прстите.

– Вода, сапуни, детергенти, дезинфициенси и антисептици, припаѓаат на групата која во дерматолошка смисла не е секогаш пријател на кожата. Тие многу ја нарушуваат нејзината pH-вредност и микробиомот – објаснува д-р Ива Бојчиќ, специјалист дерматовенеролог од Клиничкиот болнички центар во Сплит.

3. Дехидратација

Еден од главните знаци за дехидратација, односно невнесување доволно течности во организмот, се испуканите усни. Дехидратацијата почесто настанува во студените периоди од годината отколку во лето, кога генерално внесуваме повеќе течности. Препораката за дневно внесување според детската возраст е следната:

– од 5 до 8 години: 5 чаши вода
– од 9 до 12: 7 чаши вода
– Повеќе од 13 години: 8 до 10 чаши вода

4. Екстремни временски услови и сонце

Изразно топлото или студено време може да ги промени нивоата на влага во воздухот, па организмот губи вода и ја суши кожата. Освен тоа, во топлите периоди, сончевите зраци може да дејствуваат многу агресивно на кожата, особено ако не е заштитена со крем со заштитен фактор.

5. Претесна облека

Премногу тесната облека создава триење помеѓу кожата и ткаенината, што дополнително ја оштетува и ја суши кожата. Детската облека треба да биде удобна за детето да може слободно да се движи и да игра во неа.

6. Предолг престој во вода

Предолгото туширање или бањање во топла вода, како и предолг престој во базен, може да предизвика губење на липидите и сушење на кожата. Бањањето се ограничува на максимални 10 минути и се внимава водата да не е премногу топла, туку умерено топла. Исто така, по бањањето, со пешкирот треба нежно да се тапка кожата наместо да се струга за да не се оштети.

Сето ова резултира со појава на сува кожа која можеме да ја поделиме во 3 категории:

1. Благо сува кожа – изразено ситни лушпи на кожата, умерено црвенило без болка.
2. Умерено сува кожа – лушпи, црвенило и чешање, можни пукнатини на кожата.
3. Изразено сува кожа склона на атопија – многу лушпи, чешање, болно црвенило и можно крвавење од пукнатините.

Независно од тоа во која од наведените категории спаѓа кожата на детето, потребно е да се негува со производи кои ќе ѝ помогнат да се обнови и да заздрави, односно производи кои кожниот микробиом го доведуваат во рамнотежа.

– Она што треба да го запомните е дека нема ограничувања во користењето на неутралните кремови. Треба да ги користите колку што е потребно за кожата да не биде сува – вели д-р Ива Бојчиќ.

Во борбата против сувата кожа не занемарувајте ја ниту здравата исхрана. Сето тоа ќе доведе до рамнотежа на микробиомот, кој единствено така може да ја извршува својата улога за заштита на организмот.

Извор



912

X