Лажење. Вашето дете го прави тоа, како и секое друго. Во секој случај, ниту еден родител не е имун на нивното лажење. Но, има разлика помеѓу „бела лага“ и реален живот. Децата кажуваат лоши лаги кога направиле нешто погрешно и не сакаат да влезат во неволја. Добрите лаги, пак, се наменети со цел да не се повредат чувствата на другите или, пак, да не ги изложат на некаква опасност. Но, за жал, децата не можат да направат толку силна дистинкција. Сепак, добро е да ги научат двата типа лажење. Ова се неколку совети како да го сторите тоа и да ги мотивирате децата повеќе да не ве лажат:

Откријте скриена „вистина“

Скриените вистини се бескрајни. На пример, ако оставите краставица во фрижидерот премногу долго, таа ќе се распадне и ќе се претвори во кремаста течност. Ова течност ќе измачка сѐ наоколу. Вашето дете може да ја открие таа вистина преку чистење на фрижидерот. Сите скриени вистини може да се најдат на повеќе места што најчесто се валкани: тоалети, канти за отпадоци, валкани садови, подот, па дури и на перниците на каучот. Размислете за одредена задача која не е баш пријатна, но соодветна за возраста на детето и мотивирајте го да ја открие скриената вистина преку чистење. Кога ќе заврши со чистењето, прашајте го: Која скриена вистина ја пронајде?

Пишување

Кога бев дете, мајка ми ме тераше сто пати да напишам „Нема да ги лажам мама и тато“. Ја мразев таа последица, но ме тераше да размислам двапати пред да излажам. Се разбира дека лажев пак понекогаш, но ми помогна да запомнам дека не треба да лажам.

Последици

Дали на вашето дете му се ближи роденденот? За да му помогнете да ја кажува вистината, натерајте го да си ја занемари својата задача за да ги согледа последиците. На пример, може да се пристигне 30 минути подоцна на некој веќе закажан настан на кој треба да присуствува. Последиците најдобро функционираат кога се „сервирани“ веднаш.

Поддршка за хероите

Дајте му инструкции на детето да ви ја донесе касичката со пари. Потоа, одлучете колку вреди неговата лага. Земајте ги парите во тој одреден износ и помогнете му да ги донира тие пари за вистинските херои – војници, здравствени работници, деца со хендикеп и слично.

Вистински акт на љубезност и добрина

Детето нека ја искоси тревата кај баба си. Однесете го во некој дом за стари лица. Нека направи малечки картички за болните деца за да се забавуваат додека го поминуваат тој тежок период. Бидете креативни во однос на возраста на своето дете и бидете директни со него – како родител, во ред е да бидете малку наметливи. Откако детето ќе ги научи потребните лекции, може да потпишете „примирје“. Време е за простување на лагите и продолжување напред.

Ако повторно се случи да ве излаже, повторно практикувајте ги овие методи. Клучот е да се започне рано со ваквото воспитување. Родителските тактики не успеваат ако почнете да ги применувате во тинејџерските години на детето. А и ако вие исто така често користите лаги во комуникацијата, не очекувајте детето да не го прави истото.

Автор: Хедер Стајгер

Извор



912

X