Изборот на име за детето е посебен момент исполнет со многу емоции и симболика. Иако името само по себе не е гаранција за успехот во животот, за тоа се заслужни љубовта, воспитувањето и трудот, сепак, убаво е да се знае кога името носи моќна порака. Според истражувањата од Универзитетот „Нортвестерн“, името е првиот идентитет на човекот што го следи низ целиот живот.
Доколку барате име за вашето новороденче чија етимологија и буквален превод означуваат победа, освојување или успех, еве го списокот со такви машки и женски имиња:
- Виктор
- Викторија
- Викентиј
- Дамјан
- Дамјана
- Деспот
- Никола
- Николина
- Николија
- Никодим
- Ника
- Никифор
- Береника